Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив

Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен начин да научиме некои од најважните животни лекции.

volkot-i-trite-prasinja-crvenkapa-pet-popularni-bajki-i-poukata-shto-ja-nauchivme-od-niv-01.jpg

Токму поради ова, тие се можеби најпопуларната литература за мали деца.

Сите ги знаеме приказните за Црвенкапа или Јовче и дрвото грав, но сте размислиле ли која е поуката што сакаат да ни ја пренесат?

Волкот и трите прасиња

Во оваа басна, три прасиња си градат куќи – едното прави куќа од слама, другото од дрво, а третото од тули.

Првите две прасиња сакаат да завршат што е можно побрзо, па затоа и користат „полесни“ материјали. Но, волкот успева да им ги сруши куќите, па двете прасиња одат да се кријат во цврстата куќа на третото.

Поука: Ако двете прасиња одвоиле повеќе време и труд, нивните куќи немало да бидат срамнети со земја. Оваа приказна ни покажува дека некогаш треба да вложиме многу повеќе труд и време ако сакаме да постигнеме добар резултат.

volkot-i-trite-prasinja-crvenkapa-pet-popularni-bajki-i-poukata-shto-ja-nauchivme-od-niv-02.jpg

Црвенкапа

Малото девојче Црвенкапа тргнува кон куќата на баба ѝ која се наоѓа во шумата. Пред да излезе од дома, мајка ѝ ја предупредува да не зборува со странци.

Но, штом ќе го сретне волкот во шумата, Црвенкапа му кажува сè. Кога стигнува до куќата на бабата, волкот веќе ја изел и сега е преправен во неа, чекајќи да ја изеде и Црвенкапа.

Поука: Овде најважен е советот на мајката на Црвенкапа – не зборувајте со странци. Односно, не можете да ја знаете намерата на непознатите луѓе, па внимавајте што ќе споделите со нив.

volkot-i-trite-prasinja-crvenkapa-pet-popularni-bajki-i-poukata-shto-ja-nauchivme-od-niv-03.jpg

Јовче и дрвото грав

Сиромашниот Јовче ја менува неговата крава за волшебни гравчиња, но штом ќе стигне дома, мајка му го прекорува и го тера да ги фрли.

Јовче го прави тоа, но следното утро сфаќа дека од гравчињата пораснало цело дрво кое се издига до небото. Јовче се качува по дрвото и открива дом на џин полн со секакви богатства.

Најпрво тој краде златни парички и се враќа дома, но потоа се качува уште неколкупати за да украде уште од богатството на џинот. Во еден миг, џинот го забележува, па Јовче брзо слегува по дрвото и го сече, со тоа убивајќи го џинот.

Поука: Иако Јовче веќе имал доволно пари за удобен живот, неговата алчност го натерала да се врати во домот на џинот, па дури и да си го ризикува животот. На крај тој и го убива џинот кој само сакал да го заштити она што е негово. Што значи, не треба да ѝ дозволиме на алчноста да управува со нашите постапки, но и да научиме да бидеме задоволни со она што го имаме.

volkot-i-trite-prasinja-crvenkapa-pet-popularni-bajki-i-poukata-shto-ja-nauchivme-od-niv-04.jpg

Грдото пајче

Како што кажува насловот, грдото пајче е токму такво – грдо. Поради ова сите други пајчиња му се потсмеваат.

Но, на крај дознаваме дека грдото пајче е всушност лебед, па дури и оние кои најмногу го осудувале, го гледаат со восхит.

Поука: Никогаш не треба да ги оценуваме и осудуваме другите според нивниот изглед.

volkot-i-trite-prasinja-crvenkapa-pet-popularni-bajki-i-poukata-shto-ja-nauchivme-od-niv-05.jpg

Принцезата и зрно грашок

Еден принц сакал да си ја најде совршената принцеза за жена, кога една ноќ во неговиот замок дошла извалкана девојка која тврдела дека имa кралско потекло.

Сакајќи да се увери во тоа, мајката на принцот ја оставила девојката да спие на дузина душеци, а под најдолниот ставила зрно грашок.

Следното утро кога ја прашала дали спиела добро, девојката ѝ кажала дека нешто ја бодело во грбот – зрното грашок – и ѝ направило модринка, а со тоа докажала дека е принцеза.

Поука: Слично како со грдото пајче, и оваа приказна нè учи да не им судиме на другите според изгледот. Кога стигнала во замокот, девојката била неуредна и не изгледала како принцеза, но тоа не значи дека ја немала оваа титула.

volkot-i-trite-prasinja-crvenkapa-pet-popularni-bajki-i-poukata-shto-ja-nauchivme-od-niv-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg