40 животни правила

40-zivotni-pravila-povekjeШто е она што ве одржува секојдневно расположени, насмеани и исполнети? Волјата за живот? Каде вие ја наоѓате силата за да продолжите понатаму?



Која е вашата мотивација?

Ова е првата половина од 40-те животни правила:

1. Пешачи од 10 до 30 минути секој ден. Додека чекориш, насмевнувај се.

2. Седи во тишина барем 10 минути секој ден. Ако е потребно затвори се.

3. Слушај добра музика секој ден, тоа е вистинска храна за духот.

4. Наутро кога стануваш кажи го следното... Мојата цел денес е ______________.

5. Живеј со трите E... Eнергија, Ентузијазам и Единственост.

6. Играј повеќе игри од лани.

7. Читај повеќе книги од лани.

8. Погледни кон небото барем еднаш во денот, сфати колку е прекрасен светот што те опкружува.

9. Сонувај повеќе додека си буден/а.

10. Јади повеќе продукти што растат на дрвјата и на растенијата, а помалку вештачки произведени на плантажите и кои бараат поголема жртва.

11. Јади боровинки и ореви. Пиј зелен чај, многу вода и една чаша вино на ден (наздрави со неа за нешто убаво од многуте убави работи што ги има во твојот живот и ако е возможно, направи го тоа во друштво на некој што го сакаш).

12. Обиди се да насмееш барем три личности секој ден.

13. Расчисти го нередот во твојата куќа, во твојот автомобил и на твоето биро и дозволи нова енергија да влезе во твојот живот.

14. Не го троши твоето скапоцено време на озборувања, работи од минатото, негативни мисли, или работи надвор од контрола. Подобро насочи ја твојата енергија на позитивните нешта во сегашноста.

15. Сфати, животот е школо, а ти си тука за да научиш. Проблемите се лекции кои доаѓаат и си заминуваат, тоа што ќе го научиш од нив останува засекогаш.

16. Појадувај како крал, ручај како принц и вечерај како просјак.

17. Насмевнувај се и смеј се повеќе.

18. Не пропуштај можност да го гушнеш оној што го почитуваш.

19. Животот е премногу краток за да го трошиш времето мразејќи некого.

20. Не се сфаќај себе си сериозно. Некој друг нека го прави тоа.

Продолжува...

Би можело да ве интересира:

Самоубиства, предозирања, киднапирање: Проклетството на династијата Гинис (кое трае до денес) Династијата Гинис, која стои зад една од најпознатите дестилерии во светот, има ...
5 навики за среќен и исполнет живот што можеме да ги научиме од Италијанките Уживајте во храна со јаглехидрати, како пица, но комбинирајте ја и со свежи прод...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...

Најчитани неделава