Девојка потрошила 600.000 долари за да личи на Ким Кардашијан: „Сега ги чувствувам негативните последици“


Девојка потрошила 600.000 долари за да личи на Ким Кардашијан: „Сега ги чувствувам негативните последици“

28-годишната Џенифер Памплона има направено бројни естетски корекции, како операции на градите, отстранување ребра и ставање филери, сè со цел да личи на Ким Кардашијан. Но, сега вели дека жали што потрошила половина милион евра за оваа бизарна цел, бидејќи почнала да ги чувствува негативните последици.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan01.jpg

Џенифер Памплона е 28-годишна актерка која изминативе 10-тина години има направено многу естетски корекции бидејќи сакала да личи на Ким Кардашијан. Првата операција ја направила на само 17 години, откако ја убедила баба ѝ да потпише дозвола бидејќи била малолетна. По оваа операција, Џенифер станала зависна од процедурите.

Џенифер била воодушевена од изгледот на Ким, па посакала и самата да изгледа така. За таа цел, досега има потрошено 600.000 долари и има направено 10 процедури за зголемување на задникот, три пластични операции на градите, како и две операции на носот. Овде спаѓаат и бројни инјекции со ботокс, филери и што уште не.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan-03.jpg

Иако денес Џенифер можеби го има нејзиното тело од соништата, жали што воопшто направила операции, па сега сака да ги натера жените добро да размислат пред да се одлучат на некој ваков зафат. Истовремено, таа е убедена дека дефинитивно ќе стане новата Ким Кардашијан.

„Целиот живот велам дека сакам да бидам следната Ким Кардашијан. Сега кога нивното шоу заврши, дојде време да заблескам“, вели Џенифер за The Sun.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan-02.jpg

„Постојано следев што прават Кардашијанс. Ким отсекогаш ми била инспирација и отсекогаш ми се допаѓаа нејзиниот изглед и стил. Но мислам дека има голем проблем со влијанието на Кардашијанс – сите сакаат да изгледаат како нив, па денес многу млади жени изгледаат исто. Имаат исто лице, нос и усни, но ова нема да ги направи среќни. Жалам што ја направив првата операција. Не бев доволно зрела за да сфатам кои се последиците од одењето под нож“.

Џенифер вели дека најмногу жали за филерите на усните. Според неа, ако сега престане да става филери, ќе изгледа како старица.

„Штом ќе почнете со некои процедури, како филери или ботокс, не можете да престанете. Ќе треба да ги правите засекогаш. Филерите ми ги направија усните преголеми. Изгледаа како колбаси, а не како усни“.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan-07.jpg

Џенифер вели дека поради многуте корекции, нејзините усни ја изгубиле еластичноста, па ако сега престане да става филери, ќе има многу брчки.

Џенифер, која пораснала во Бразил, е убедена дека негативните коментари за изгледот што ги добивала во тинејџерските години ја срушиле нејзината самодоверба, па поради тоа посакала да го промени својот изглед.

„Секогаш се шегуваа со мене бидејќи немав облини, туку бев слабичка. Се сеќавам дека едно момче ми рече дека имам многу убаво лице, но дека телото ми било како стапче. Тоа ме повреди многу“.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan-09.jpg

Ова вербално малтретирање ја натерало да почне да си го крие телото со широка облека, но и да почне да копнее по „поженствено“ тело. Откако, пак, дознала за Ким Кардашијан, станала опседната со неа.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan-05.jpgЏенифер пред да ја направи првата операција

Кратко по првата операција на 17-годишна возраст, Џенифер го запознала Келсо Сантебанес, со кого почнала и врска. Таа вели дека биле лудо вљубени еден во друг и планирале да одат во Холивуд за да се прослават. За жал, Келсо бил дијагностициран со леукемија и починал.

„Најлошиот ден од мојот живот беше кога ми кажа дека има леукемија. Последните зборови што ми ги кажа беа ’Ти си најубавата личност што сум ја запознал, и внатре и однадвор. Ако нешто ми се случи, вети ми дека ќе си ги оствариш соништата‘“.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan-06.jpg

Сметајќи дека пластичните операции се единствениот начин да се прослави, Џенифер почнала и со другите процедури. Си отстранила неколку ребра, направила липосукција и пластична операција на носот, а ставила и филери во задникот. Сега Џенифер вели дека го направила спротивното од она што го сакал Келсо.

„Не сакаше да си го променам изгледот. Ми велеше дека сум убава. Мислеше дека сум совршена. Но јас бев убедена дека операциите се единствениот начин да станам славна“.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan-04.jpg

Џенифер открива дека веќе почнува да ги чувствува негативните последици од многуте операции – поради бројните филери во задникот, во секој момент може да се случи некоја компликација. Истовремено, имала и сериозна инфекција на ногата, а стравува дека наскоро ќе се случи и некој друг проблем.

„Сега сакам да ги натерам жените добро да размислат пред да направат пластична операција, бидејќи тоа нема да им ги реши проблемите и лесно може да е претвори во зависност. Правев операции како тоа да е најнормална работа – како да одам до продавница – но сега ги чувствувам последиците. Ги предупредувам жените и девојките добро да размислат, бидејќи цел живот ќе живеат со таа одлука“.

zhalam-sega-gi-chuvstvuvam-negativnite-posledici-devojka-potroshila-600-000-dolari-za-da-lichi-na-kim-kardashijan-08.jpg

Повеќе фотки од Џенифер на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таа има 83, тој 45: Уште уживаме во сексот и сме во среќен брак! Таа има 83 години, тој има 45, веќе 15 години се во среќен брак, а тврдат и дека...
Две 100-годишни жени тврдат дека тајната на долговечноста е да останете сингл Дали се согласувате со овие забавни, 100-годишни дами? Дали немањето брачен парт...
8 неверојатни латиноамерикански жени кои влегоа во историјата Запознајте се со 10 жени кои храбро застанаа и се изборија за своите права, инсп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg