Кои луѓе се посреќни – оние кои спијат на левата или десната страна од креветот?

Кога ќе влезете во хотелска соба, ја бирате левата или десната страна од креветот? Дома спиете поблиску до вратата или прозорот? Покрај ѕид или подалеку од него?

koi-lugje-se-posrekjni-onie-koi-spijat-na-levata-ili-desnata-strana-od-krevetot-001.jpg

Иако некој би рекол дека е поважно кој спие до нас, наместо на која страна спиеме, сепак очигледно и страната на креветот игра улога во среќата.

Посреќни се луѓето кои спијат од левата страна на креветот.

Помеѓу останатото, полесно им е да станат наутро и поопуштени се кога е време за будење и расонување.

Луѓето кои спијат на левата страна исто така се чувствуваат помалку стресно и несреќно. Ова се всушност резултати од две истражувања.

Во првото истражување учествувале 3.000 испитаници од Британија кои пополнувале прашалници за нивните навики за спиење.

Според резултатите, 31% од оние кои спиеле на левата страна вистински го сакале своето работно место. Од друга страна, дури 18% од оние кои спиеле на десната изјавиле дека си ја мразат работата. Истовремено, се покажало дека голем дел од оние кои спијат на левата страна имаат попозитивен поглед кон животот.

Во второто истражување учествувале 1.000 испитаници, повторно од Британија, кои исто така одговарале прашалници за нивните навики за спиење.

Резултатите покажале дека оние кои спијат на левата страна имаат за 8% поголема веројатност да имаат повеќе пријатели и да си ја сакаат работата, за разлика од оние кои спијат на десната. Исто така, овие луѓе почесто се буделе расположени и биле оптимисти.

Дали мислите дека овие резултати би биле слични и кај нас? Сте забележале ли некаква разлика помеѓу спиење на различна страна од креветот?

koi-lugje-se-posrekjni-onie-koi-spijat-na-levata-ili-desnata-strana-od-krevetot-01.jpg

Што вели Фенг-шуи?

Експертите за Фенг-шуи верувањето сепак советуваат дека левата страна е за мажите, додека десната е за жените.

Тоа се должи на верувањето дека телото на мажот е јанг, од левата страна, додека женското тело е јин, од десната страна. Само така мажот и жената може да се надополнат.

На која страна спиете вие? Има причина зошто?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...

Најчитани неделава