„Бисери“ од светот

biseri-od-svetot-povekjeНа сите ни се случувало да „треснеме нешто“ и да останеме живи. Некогаш навистина ќе се избламираме и посакуваме да се отвори...


...земјата и да нè голтне (или било што да се случи само да не снема од местото).

Понекогаш и не кажуваме баш толкав „бисер“, но доволно за потоа да ве утепаат од зафркавање во друштвото.

Секако тоа не ни се случува само нам, им се случува и на нашите пријатели, на оние што можеби би ги нарекле пријатели, а и на непознати.

За оваа прилика ви посочуваме неколку „бисери“ од светот:

  • Не би сакала да живеам вечно, затоа што не би смееле да живееме вечно, затоа што ако треба да живееме вечно, ние би живееле вечно, но не можеме да живееме вечно и затоа јас не би сакала да живеам вечно“, изјавила мис на Алабама на натпреварот за мс на Америка. Добро, секој од нас би бил нервозен на таков натпревар...
  • Пушењето убива. Ако ве убие, губите битен дел од својот живот“, рекла познатата американска глумица Брук Шилдс, обидувајќи се да докаже како баш таа би била идеална за кампања против пушењето.

Ајде сега малку за машките „бисери“:

  • Истражувањата покажале дека чоколадото во мозокот произведува реакции слични на оние што ги дава марихуаната. Истражувачите исто така докажаа уште некои сличности, но јас во моментов не можам да се сетам на нив“, изјавил еден новинар во емисија на NBC Today Show.

Еве малку „црн хумор“:

  • Ако ги исклучиме убиствата, Вашингтон има најниска стапка на криминал во земјата“, рекол градоначалникот на Вашингтон.

За крај класика:

  • Ќе ја свртиме оваа екипа за 360 степени“, ветил еден тренер на интернационален фудбалски тим.

Ви се случиле ли и вам вакви бисери? Слободно споделете ги со нас, да се насмееме заедно! Smile

Би можело да ве интересира:

12 најиритантни работи со кои луѓето ги нервираат другите луѓе (и добиваат тивка осуда) Луѓе кои мислат дека насилното однесување на нивното дете кон мали животни е „см...
8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните....
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Ја сметале за жртва во нападот на „Близначките“ во 2001, но водела двоен живот: Мистериозното исчезн... Млада Американка исчезнала ден пред нападот на кулите „Близначки“ во 2001-ва. На...

Најчитани неделава