Дали сте великодушни?

dali-ste-velikodusni-povekjeДали се потребни посебни услови за да се натерате да одвоите малку време, пари или пак да се откажете од некои работи што ги сакате? Можеби спаѓате во онаа група...


...која постојано се прашува зошто воопшто да се трудите да му излезете некому во пресрет – и онака само ќе ве искористат!

Доколку давате премногу, јасно е дека подоцна ќе се чувствувате искористени, а тоа е последица на вашата недоверба кон луѓето.

dali-ste-velikodusni

Не е добро ако премногу се грижите дека некој ќе ви земе цела рака ако му дадете само прст, но проблем е и ако за тоа воопшто не размислувате. Во секој случај, проблемот се јавува затоа што сакате да изгледате ранливо во очите на другите.

На луѓето треба да им се помага, а не да ги претвориме во чергиче за бришење нозе.

Бидете вешт преговарач, така да умеете да постигнете рамнотежа помеѓу сопствените потреби и желбите на другите, да поставите јасни граници, а сепак да помогнете.

Ако пријател ве замоли да му ја позајмите омилената кошула, наместо остро да го одбиете, или пак отидете во друга крајност и му речете : „Секако, земи ги и моите чевли!“, учтиво кажете му дека вие планирате да ја носите.

Треба да се постави јасна граница на својата великодушност ако чувствувате дека некој не заслужува да му направите услуга. Дискретно и вешто извлечете се – тоа е особина на луѓето со самодоверба.

Убаво е да се биде алтруиста, но ако постојано се трудите да направите сè што пријателите или колегите бараат од вас, тоа значи дека од себе правите маченик.

Можеби не сте сигурни во чувствата на другите луѓе, па ви преставува проблем да го одбиете нивното барање затоа што ви треба нивното одобрување?

Наместо веднаш да потврдите со нишање на главата и се согласите со сè, прво погрижете се за своите потреби, а потоа некому направте му услуга.

Какво е вашето лично искуство? Дали сте великодушни? Го злоупотребуваат ли тоа вашите пријатели?

Би можело да ве интересира:

9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
Која температура на водата е најпријатна за бањање во море (и кога е безбедно за бебиња и деца)? За возрасните, водата е најпријатна кога има 25-26 степени Целзиусови. Но, повеќ...
„Платив 120$ за маса од 8.000$“: Луѓе кои пронајдоа вистинско богатство во продавници од втора рака „Најдов прво издание на една од моите омилени детски книги - и со автограм од ав...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор „Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и п...

Најчитани неделава