5 ситуации преку кои познаничката може да стане најдобра пријателка

Линијата помеѓу познанството и пријателството може да биде многу тенка, а одредени ситуации познаниците може да ги претворат во пријатели.

5-situacii-preku-koi-poznanickata-moze-da-stane-najdobra-prijatelka-001.jpg

Како што и самите сме забележале, по 25-тата година почнува да се намалува бројот на вистински пријатели, но никогаш не е исклучена можноста да го запознаете пријателот за цел живот, подоцна низ годините.

Ова се 5 ситуации во кои ќе препознаете дека се работи за пријател, а не само познаник:

1. Ви помага кога сте болни

Пандемијата покажа колку многу значат гестовите кога сте во самоизолација. Доволно е тоа да биде оставање на намирници и лекови пред врата.

2. Тука е кога ќе доживеете прекин на врската или бракот

Во ваквите состојби на целосен шок, многу е важно да наидете на разбирање и поддршка, отколку на озборувања и осудувања.

3. Ви помага кога ќе се соочите со смрт на блиска личност

Смртта на блиска личност се смета за најголемата болка која човек може да ја доживее. Таа може понатаму да активира многу грижи и стравови, беспомошност или несигурност.

Иако тагувањето е емоционален процес, токму тогаш ви треба пријател кој е физички пристутен.

4. Ве бара кога ви е тешко

Не чека да „ви тргне“ во животот и да бидете среќни како би се виделе. Разбира дека негативноста и тагата се составен дел од животот и не ве избегнува кога сте во таа фаза.

5. Го возвраќате вниманието

Како познанството би се претворило во пријателство, не е возможно само едната страна да се труди. Затоа, слушајте кога другата страна зборува. Понудете помош, прашајте како е, со што се соочува и кои се нејзините стравови...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава