Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Решавајте загатки и квизови, комуницирајте со други луѓе - 7 начини да станете „попаметни“

Решавајте загатки, тестови, квизови и секакви предизвици кои ве тераат да мислите. Овие активности ве тераат да наоѓате решенија за разни проблеми, а неретко и да размислувате „надвор од кутијата“, па се одлична стимулација за мозокот.

7-nacini-da-stanete-popametni-001.jpg

Постојат повеќе научно докажани начини како можете да го истренирате мозокот да мисли побрзо и попрецизно.

Луѓето веруваат дека постојат 7 ситници кои се лесни за правење, а можат да ве направат попаметни.

Како на пример:

1. Комуницирајте повеќе, почесто и со различни типови на луѓе, на различни јазици. Разговорите со другите ни помагаат да добиеме нова перспектива, нè поттикнуваат да размислуваме и, генерално, го „тренираат“ нашиот мозок. Додека учењето, па и самото зборување на друг јазик, ги подобрува когнитивните способности.

2. Јадете повеќе спанаќ, црно чоколадо, лосос, цвекло, боровинки... Според истражувањата, овие намирници се добри за мозокот и ги подобруваат фокусот, меморијата и когнитивните способности ако се консумираат редовно.

3. Земајте суплементи богати со јод. Според истражување од 2013 година, во САД било забележано зголемување на просечниот коефициент на интелигенција откако на тамошниот пазар се појавила јодирана сол. Според овие наоди, јодот е состојка која има позитивно влијание врз мозокот и менталните способности.

4. Спијте доволно, односно минимум 7-8 часа секоја вечер. Недостатокот од сон ги намалува когнитивните способности и има негативно влијание врз фокусот и меморијата. Па, квалитетниот сон е клучен за оптимална функција на мозокот.

5. Решавајте загатки, тестови, квизови и секакви предизвици кои ве тераат да мислите. Овие активности ве тераат да наоѓате решенија за разни проблеми, а неретко и да размислувате „надвор од кутијата“, па се одлична стимулација за мозокот.

6. Гледајте информативни квизови 30-40 минути дневно. Со оваа активност учите нови работи и го тренирате мозокот, а бројни истражувања покажале дека учењето нови информации не само што го збогатува знаењето, туку може и да го зголеми коефициентот на интелигенција.

7. Не се плашете да „играте“ со посилни противници. Не ги бирајте полесните начини. Кога се соочувате со посилни противници и сами си создавате поголем предизвик, го стимулирате мозокот и создавате нови конекции во него, а со ова ги подобрувате когнитивните способности и интелигенцијата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека генетиката може да нè изненади на најнеобични начини „Моите трепки се природно различни - руси на едното око, кафеави на другото“. ...
11 манипулативни тактики на луѓето жедни за внимание Драмата што ја создаваат личи на театарска претстава со совршено темпиран настап...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
16 пати кога Универзумот ни покажа дека неговата моќ за креирање нема граници Овошје во чуден облик, инсект во неверојатна боја или предмет кој не можете да г...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg