Средба со одамна изгубена љубов, раѓање на машко дете – Што значи „играњето“ на окото?

Сигурно ви се случило барем еднаш во животот да ви затрепери односно да ви „заигра“ окото. Треперењето на очите е крајно непријатно чувство, се појавува ненадејно и може да ве вознемири доколку сте на работа или пак си одмарате дома.

Sto-znaci-igranje-na-okoto-01.jpg

Точните причини за оваа појава не се добро познати, но се верува дека вибрациите на очите се поврзани со нарушување во функционирањето на одредени нервни области лоцирани во основата на мозокот кои ја контролираат координацијата на мускулите и движењата.

Честопати, симптомите на „суво око“ се јавуваат непосредно пред или за време на „играњето“ на окото.

Некои истражувања покажаа дека сувите и иритираните очи може да им претходат на вибрациите.

Други причини за треперење на окото вклучуваат:

  • Стрес
  • Иритација на рожницата
  • Замор
  • Недостаток на сон
  • Долготрајно гледање во компјутер или телевизиски екран
  • Нарушување на нервниот систем
  • Прекумерен внес на кофеин

Треперењето на очите во повеќето случаи е сосема безопасна појава и треба да се проверува само доколку се повторува континуирано и ако се прошири на други делови од лицето, а самата појава е придружена со други симптоми како оток и црвенило.

Но, што велат народните верувања?

Во Кина, „играњето“ на левото око е знак за среќа, додека „играњето“ на десното око е лош предзнак.

На Хаваи значењето е тотално поинакво, па играњето на левото око значи дека во семејството ќе дојде непозната личност, но ако трепери постојано, без пауза, тоа значи дека може да дојде до распад на семејството.

Индијците веруваат дека играњето на левото око е знак на лоша среќа, додека трепкањето со десното око претставува среќа, сосема спротивно од верувањето кое е доминантно во Кина.

Верувања на Балканот

Има толкувања дека играњето на десното око значи дека ќе се оствари она што сте го помислиле во моментот, додека играњето на левото око е лоша среќа, слично како и во Индија.

Во некои делови на Балканот се верува дека доколку на жената ѝ игра левото око, по долго време или по долго патување повторно ќе ја види својата голема љубов. Ова веројатно било добар знак во античко време за сите жени кои биле загрижени дали нивните сопрузи ќе се вратат од војната.

Во некои краишта се верува дека треперењето на горниот очен капак на десното око значи радост во семејството, а долниот – склопување на ново пријателство.

Лево око и треперењето на горниот капак значи раѓање на машко дете во куќата, а ако долниот капак трепери тоа значи лоши вести.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава