Луѓе споделуваат: „Една токсична карактерна особина која најмногу ја мразам кај себе“

„Јас сум екстремно несигурна, размислувам многу, постојано сум во страв дека ќе бидам напуштена или дека нема да им се допаднам на луѓето...“

lugje-spodeluvaat-edna-toksichna-karakterna-osobina-koja-najmnogu-ja-mrazam-kaj-sebe-01.jpg

Да се биде добра личност е нешто на кое треба да работите цел живот и никогаш не ви е јасно дали сте на вистинскиот пат.

Нашата психа е комплексна и многу настани нè обликуваат да сме личноста која што сме.

И, да бидеме искрени, секој од нас има барем една токсична особина.

Луѓе на Reddit искрено ги споделуваат своите токсични карактерни особини - доказ дека не сте сами и дека мора да работите на себе:

„Не знам да посветам внимание како што треба. Не дека сакам да го украдам вниманието и да го прекинам соговорникот додека раскажува, туку сум превозбудена што можам да се поврзам со него и сакам да ја споделам мојата слична приказна.“

„Јас сум емоционално недостапен. Понекогаш исчезнувам. Моите најблиски пријатели не можат да разберат зошто некогаш не им кревам на телефон и зошто одбивам да го ширам кругот на пријатели. Не е ништо лично, таков сум, самотијата ми ги полни батериите.“

„Јас сум екстремно несигурна, размислувам многу, постојано сум во страв дека ќе бидам напуштена или дека нема да им се допаднам на луѓето. Мојата анксиозност ме прави исплашена и загрижена, па или премногу цврсто ги држам луѓето или ги оттурнувам од себе, иако сакам да се до мене. Се повредувам себеси, но и нив.“

„Како растев постојано чувствував дека никој не ме гледа, дека сум незабележителен, па ако некој покаже интерес за мене тогаш сум превозбуден и само чекам тој да заврши со тоа што го кажува за јас да споделам нешто, па мислам дека тоа им прави погрешен впечаток на соговорниците да мислат дека не сум добар слушател.“

lugje-spodeluvaat-edna-toksichna-karakterna-osobina-koja-najmnogu-ja-mrazam-kaj-sebe-02.jpg

„Не можам да ги прифатам случувањата такви какви што се и работите ги сфаќам премногу лично. Си размислувам како јас не би го направил тоа нешто на некого, па зошто тој некој ми го прави мене. Се оптоварувам премногу и тешко ми е.“

„Многу сум самокритична, не дозволувам другите да кажуваат убави работи за мене. Дури и кога се обидуваат да ми дадат комплимент, сметам дека не заслужувам и ги прекинувам.“

„Кога прашувам за мислење всушност сакам да го слушнам своеото мислење од туѓа уста. Јас всушност не сакам да го чујам нивното мислење, туку само сакам да чујам потврда за своето. Егоцентричен сум.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
Луѓе кои (речиси) биле киднапирани ги споделуваат морничавите искуства „Бев многу мал и всушност не ни бев свесен дека сум киднапиран, бидејќи ја знаев...
Поранешни затвореници споделуваат како навистина изгледа престојот во затвор „Нема постојано драма и тепачки. Јас бев во затвор со минимално обезбедување и п...
Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници Гробишта кои изгледаат како од хорор-филм, отпечатоци од стапала на тремот по по...
Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете „Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната фин...
Некултурни луѓе кои заслужуваат да се најдат на „ѕид на срамот“ (фото) Луѓе кои блокираат раскрсници бидејќи минуваат на жолто, родители кои им дозволу...

Најчитани неделава