Грешки кои ги повторувате во секојдневните навики (и промените кои треба да ги направите)

Немојте да спиете повеќе од осум часа и немојте да го пиете утринското кафе веднаш откако ќе се разбудите.

sitnici-vo-sekojdnevnite-naviki-shto-treba-da-gi-promenite-za-podobri-rezultati-01.jpg

Ако се грижите за себе и за вашето здравје веројатно имате развиено добри животни навики. Но во некои случаи треба да обрнете внимание на некои ситници ако сакате да ги почувствувате позитивните придобивки од овие навики.

Можеби, на пример, не си дозволувате да пиете кафе пред појадок и тоа е одлично, но ако го испиете брзо откако ќе станете, нема да почувствувате некој голем ефект.

Што треба да промените во секојдневните навики за да видите подобри резултати?

Немојте да пиете кафе веднаш откако ќе станете

Ако го испиете кафето речиси веднаш откако ќе станете, нема да го почувствувате неговиот ефект поради нивото на кортизол во организмот.

Една од функциите на овој хормон е да го подобри фокусот. Неговото ниво е највисоко 30-45 минути откако ќе станете, а потоа се намалува во текот на денот. Па, ако го испиете кафето кога нивото на кортизол е највисоко, нема да почувствувате некој голем ефект.

Затоа, препорачливо е да пиете кафе подоцна, кога ниво на кортизол ќе биде намалено. Односно, ако се будите околу 7 наутро, првото кафе испијте го помеѓу 9:30 и 11:30 часот.

sitnici-vo-sekojdnevnite-naviki-shto-treba-da-gi-promenite-za-podobri-rezultati-03.jpg

Ставајте антиперспирант навечер

Антиперспирантот може да биде поефикасен навечер. Според истражување направено од страна на British Journal of Dermatology, ако ставите антиперспирант навечер кога телото се поти помалку, активните состојки ќе бидат поефикасни.

Исто така, важно е да го нанесувате антиперспирантот на сува и чиста кожа бидејќи влагата може да ја намали неговата ефикасност.

sitnici-vo-sekojdnevnite-naviki-shto-treba-da-gi-promenite-za-podobri-rezultati-02.jpg

Максимално искористете го просторот во перничињата за патување

Кога купувате перниче за патување, земете модел со патент. На овој начин ќе можете да го испразните перничето и да го искористите просторот за дополнителен багаж.

Во него слободно можете да ставите работи како чорапи и долна облека. Перничето повторно ќе биде меко за спиење, но и ќе заштедите простор во куферот.

sitnici-vo-sekojdnevnite-naviki-shto-treba-da-gi-promenite-za-podobri-rezultati-04.jpg

Вежбајте почесто, во помали интервали

Ако имате работа поради која минувате 8 часа седнати или ако, генерално, поголемиот дел од времето го минувате во седење, пробајте да се раздвижувате почесто.

Односно, наместо само еднаш-двапати неделно да одите во теретана и да вежбате по неколку часа, пробајте секој ден да пешачите 20-тина минути.

Секако, добро би било да одите и во теретана, но за да ги почувствувате здравствените придобивки, пробајте да бидете колку-толку активни секој ден.

sitnici-vo-sekojdnevnite-naviki-shto-treba-da-gi-promenite-za-podobri-rezultati-05.jpg

Немојте да спиете повеќе од осум часа

Иако квалитетниот сон е навистина важен, не е препорачливо да претерувате.

Освен децата и тинејџерите на кои можат да им требаат и до десет часа сон, возрасните не би требало да спијат повеќе од осум часа.

Ако спиете повеќе, нема да се чувствувате поодморено – напротив, ќе се чувствувате летаргично и збунето.

sitnici-vo-sekojdnevnite-naviki-shto-treba-da-gi-promenite-za-podobri-rezultati-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава