10 бон-тон правила со кои ќе изгледате отмено и ќе оставите добар впечаток
Кога сте на гости, немојте сами да си земате храна или пијалаци од фрижидерот и немојте да ги ставате нозете на масата или креветот.

За да изгледате отмено во очите на другите, не е важно дали изгледате беспрекорно или носите скапа облека. Многу поважни се вашите манири и вашиот однос кон другите.
10 бон-тон правила со кои секојпат ќе оставате добар впечаток кај другите:
Бидете добар слушател – кога некој ви зборува, потрудете се да го слушате внимателно и веднаш ќе дадете впечаток на личност која ги почитува и цени другите.

Во јавен превоз, ослободете им го местото на бремените жени и постарите лица ако можете да стоите без проблем.

Кога сакатe да пробате храна од чинија на некој друг, немојте вие самите да си земате, туку подајте ги вашите виљушка и чинија, па другиот нека ви стави од храната.

Ако сте во ресторан или кафетерија со друштво, а сте останале без пари бидејќи немате кеш или има проблеми со вашата картичка, кажете им на пријателите и веднаш пробајте да извадите пари од банкомат. Доколку не можете да го направите ни тоа и некој се понуди да ви ја плати сметката, вратете му ги парите во рок од 24 часа.

Кога сте на маса и некој побара да му подадете парче леб или што било, не му давајте само едно парче, туку подајте му ја целата чинија или сад, па тој сам нека си земе.

Кога подавате шолја, свртете ја дршката кон личноста на којашто ѝ ја подавате.

Ако имате миленик и некој ве поканил на гости, секогаш побарајте дозвола да го понесете миленикот.

Кога сте на гости, немојте никако да влегувате во спалната или која било друга просторија без дозвола од домаќинот.

Исто така, немојте сами да си проверувате што има во фрижидерот или самите да си земате храна или пијалаци, освен ако домаќинот не ви рече дека тоа е во ред.

Уште едно правило за на гости – немојте да ги ставате нозете на креветот, а уште помалку на масата.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност
Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото)
„Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су...
На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците
Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност
Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото
Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...