Зошто е благослов да имате пријатели на работа?

Знаете дека на работа некој ве сака и се грижи за вас. Ви ги разбираат проблемите и фрустрациите - понекогаш е тешко да доловите на партнерот и семејството со каква ужасна ситуација се соочувате на работа, но пријателите од работа добро ве разбираат.

zoshto-e-blagoslov-da-imate-prijateli-na-rabota-01.jpg

Не секој има привилегија да работи со луѓето кои му се допаѓаат, па ако вие ја имате таа среќа, тогаш сметајте дека сте благословени.

Пријателствата на работното место не се многу чести, но треба да се обидете да бидат затоа што се одличен начин за разубавување на животот.

Замислете секогаш да имате со кој да се пошегувате на работа или пак да знаете дека има кој да ви го чува грбот ако загусти... Звучи совршено, зарем не?

Зошто пријателите на работа се благослов:

Ви ја прават работата поубава

Рутината на канцеларискиот живот станува подобра кога имате со кој да се пошегувате и забавувате.

Нема да треба да пиете кафе или да јадете сами

Кафето, оброкот или парчето торта секогаш се повкусни во друштво. Се разбира, зачинето со малку трач за шефот или намќорестиот колега.

Знаете дека на работа некој ве сака и се грижи за вас

Секогаш имате со кого да ги споделите своите грижи и проблеми. Без разлика дали станува збор за болката во грбот или новата тешка задача, ќе имате кој да ве ислуша.

zoshto-e-blagoslov-da-imate-prijateli-na-rabota-02.jpg

Ви ги разбираат проблемите и фрустрациите

Понекогаш е тешко да им доловите на партнерот и семејството со каква фрустрирачка ситуација се соочувате на работа, но пријателите од работа добро ве разбираат.

Сигурно имате Фејсбук група која е неверојатно забавна

Без разлика дали си праќате мемиња или трачарите за драмата на работа, оваа група е постојано активна со пораки, па така никогаш не ви е здодевно.

Ноќните излегувања со нив се најзабавни

Кога излегувате заедно ви е многу позабавно отколку кога сте во канцеларија, па сфаќате дека тие луѓе ви се многу повеќе од само пријатели од работа.

Може да ви станат дури и „семејство“

Кога со некоја личност минувате 40 часа неделно, не е чудно да се случи некоја од колешките да ви стане старосватица или можеби некој од колегите партнер. Но, и да не е така, добивате чувство дека тие се вашето второ семејство.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (шт... Работниците во Дубаи кои работат на градилиштата, но и по хотели, спа центри и с...

Најчитани неделава