Приказната за Мехран Карими Насери - човекот кој живеел на аеродром 18 години

Откако останал без личните документи документи, Насери останал заглавен на аеродром во Франција бидејќи немал дозвола да влезе во државата, но немал ни дозвола да оди во друга држава. Па, неговиот престој на аеродромот траел цели 18 години.

mehran-karimi-naseri-chovekot-koj-zhiveel-na-aerodrom-18-godini-01.png

Дали го знаете американскиот филм „Терминал“ од 2004 година, во кој Том Хенкс игра Европеец кој заглавува на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк, откако му беше одбиен влез во САД?

Некои заплети во филмот се делумно вистинити и се засноваат на реалното искуство на Мехран Карими Насери.

Па, кој е Мехран Карими Насери?

Приказната на Мехран Карими Насери

Насери пристигнал во Обединетото Кралство во 1973 година за да студира југословенски студии на Универзитетот во Бредфорд во Западен Јоркшир.

По враќањето во Иран, Насери вели дека бил протеран од блискоисточната земја во 1977 година, откако протестирал против владеењето на Шах.

По долга битка со барање да стане бегалец во неколку земји, тој добил статус на бегалец во Белгија. Со таков статус, тој можел слободно да се пресели и во други европски земји.

Сепак, ова тврдење било оспорувано многупати, а други истраги покажале дека Насери никогаш не бил протеран од Иран како што тврдел.

mehran-karimi-naseri-chovekot-koj-zhiveel-na-aerodrom-18-godini-02.png

Што всушност се случило?

Бидејќи мајка му била Британка, Насери одлучил дека сака да се пресели во Обединетото Кралство, но додека бил на пат кон земјата, неговите документи биле изгубени, односно тој велел дека му ги украле.

Некои тврдат дека Насери ги испратил своите документи во Брисел додека бил на брод и ја измислил приказната за нивната кражба.

Пробал да отиде во Лондон без документи, но бил испратен во Франција.

Тогаш тој бил уапсен од француските власти, а потоа бил ослободен бидејќи неговото престојување на аеродромот било легално и немал земја во која да се врати.

И така започнал животот на Насери во Терминал 1…

Кристијан Бурже, француски адвокат за човекови права, се согласил да го преземе случајот на Насери, а во 1992 година францускиот суд пресудил дека тој не може да биде екстрадиран бидејќи влегол во земјата легално.

Сепак, пресудата не му дозволувала да влезе во Франција, оставајќи го заглавен на аеродромот 18 години. 

Престојот на Насери на аеродромот завршил во јули 2006 година, кога бил хоспитализиран во јануари 2007 година. Кога бил отпуштен од болницата, за него се грижел францускиот Црвен крст. 

mehran-karimi-naseri-chovekot-koj-zhiveel-na-aerodrom-18-godini-03.png

Тие го сместиле Насери во хотел во близина на аеродромот, каде што останал додека не бил префрлен во хуманитарен прифатен центар во Париз.

За време на неговиот 18-годишен престој на аеродромот, Насери го имал својот багаж покрај себе и живел од дарежливоста на аеродромските работници, кои му обезбедувале храна и материјали за читање.

M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com

Би можело да ве интересира:

По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие) Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава