Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Звукот на коските што се кршат

teatra-zvukot-na-koskite-koi-se-krsat-povekjeСовремената драма „Звукот на коските што се кршат“ по текст на Сузан Лебо (Suzanne Lebeau), на 21 септември 2011 година ќе го означи почетокот...


...на новата сезона во независниот театар Theatra.

Театарот кој своите врати ги отвори со премиерата на претставата „Мизантроп“ ветува уште едно интензивно драмско доживување преку текстот на една од најнаградуваните канадски авторки.

Оваа премиера ќе го означи и почетокот на еден од најзначајните театарски фестивали и збиднувања во земјата, отворањето на триесет и шестиот по ред Млад Отворен Театар (МОТ).

„Звукот на коските што се кршат“ ја раскажува приказната од еден дневник, за две деца, за две изгубени детства, за војна, за терор, за страв, за храброст, за издржливост, за чиста љубов. Иако оригинално сместена во централна Африка, борбата, страдањето и храброста на ликовите се безвременски и безпросторни.

Претставата опфаќа тема која не може лесно да се прераскаже, потребно е да се доживее. Ова не е приказна што завршува со гаснење на последното светло во театарот, не е текст кој завршува со последната страна. Ова е претстава која носи некој горчлив вкус кој останува, некоја празнотија под која се крие неописливо тежок товар, како солзите да не се доволни да исплакнат сѐ што е почувствувано.

teatra-zvukot-na-koskite-koi-se-krsat-2

Актерската екипа на „Звукот на коските што се кршат“ ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Стефанија Зисовска и Бојан Кирковски. Костимограф е Ивана Кнез, музиката е дело на Оливер Јосифовски и Вера Милошевска од Љубојна, а за преводот на оригиналниот текст се заслужни Горјан Милошевски и Марија Зафирова.

Дизајнот на плакатот е дело на Магдалена Дилевска и Вања Шереметкоски, додека за маркетингот на претставата е одговорна Ива Дујак. Претставата е во режија на Билјана Радиноска, продукција Марија Зафирова.

„Звукот на коките што се кршат“ ќе биде за прв пат одиграна на територијата на Македонија токму на оваа премиера закажана за 21 септември со почеток во 20.00ч на веќе познатата локација на Theatra, бул. Кочо Рацин 19А во Скопје.

teatra-zvukot-na-koskite-koi-se-krsat-1

Билетите за премиерата се распродадени во рекордни четири часа од отворањето на резервациите, но се уште може да се резервираат билети за втората изведба на претставата која ќе се одигра на 28 септември со почеток од 21.00ч по цена од 200 денари. Резервирањето се врши на официјалниот веб сајт на Theatra, www.theatra.org.

Со големо задоволство, Theatra повторно ве поканува да станете дел од новиот драмски импулс во Македонија...Не глумете, бидете публика!

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената...
Грција, Бали: Туристички дестинации кои се идеални за одмор, но не и за живот „Хаваите се убава дестинација и не е толку ужасно за живеење. Но, може да биде е...
Иронијата во нашето секојдневие низ илустрации – погледнете двапати ако не ги разбирате на прв погле... Апсурдни ситници од нашето секојдневие на кои не обрнуваме внимание, но се одлич...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg