3 кратки и моќни приказни, кои ќе ви ја вратат вербата дека луѓето се добри

„Кога бев дете, имав здравствен проблем и морав да одам во болница. И имаше уште едно девојче во собата со мене…“

3-kratki-i-mokjni-prikazni-koi-kje-vi-ja-vratat-verbata-deka-lugjeto-se-dobri-01.jpg

Понекогаш, среде сив ден, потребно ни е да слушнеме нешто убаво, некоја случка која ќе ни ја врати вербата во добрината на луѓето.

Овие приказни, кои луѓе ги споделиле на Reddit, се токму такви:

„Кога бев дете, имав здравствен проблем и морав да одам во болница. И имаше уште едно девојче во собата со мене.

Кога нејзината мајка доаѓаше на посета, таа ѝ носеше разни видови на храна. Во болницата храната беше ужасна и навистина бев гладна. Се сеќавам како мајка ѝ делеше сè, една лажичка за нејзината ќерка, една лажичка за мене.

Мојата мајка не доаѓаше затоа што бевме многу сиромашни и немаше пари да патува секој ден. Сакам да ѝ кажам благодарам на оваа мајка, која не остана рамнодушна кон нечие туѓо дете, туку ме хранеше и се грижеше за мене, како да сум нејзино дете.“

„Сестра ми се возела на автопат и автомобилот ѝ се расипал. Но, некоја жена од нивите од локалното село ја забележала, ѝ пристапила и ја викнала кај нив дома.

Потоа нејзиниот сопруг ѝ го поправил автомобилот, па ја испратиле безбедно.

Во меѓувреме жената ѝ сварила кафе и ѝ дала вода на сестра ми.“

„Јас сум мајстор и по тежок работен ден влегов во автобус и буквално паднав на седиштето.

Одеднаш прекрасна жена во високи потпетици влезе со многу ќеси во рацете. Не можев, а да не ѝ го понудам местото, моите принципи ми го наложуваат тоа, но таа ми кажа дека она доаѓа од шопинг, а ме гледа мене дека сум уморен од работа и не сакаше да седне.

Ми падна камен од срце. Таа беше благодарна, а јас не си ги погазив принципите. Ова беше пријатна средба.“

Прочитајте и 19 кратки и моќни приказни со максимум 9 зборови

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години Гркот Стаматис додека живеел во САД добил дијагноза за рак на белите дробови и п...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...

Најчитани неделава