Освежување за 5 минути

osvezuvanje-za-5-minuti-povekjeОвошните фрапеа се подготвуваат од сезонско овошје со млеко, јогурт, шлаг, павлака... Изборот на состојки е неограничен. На вкусниот напиток...


...додајте парченца суво или свежо овошје, чоколадни трошки, иситнет бадем, кикирики, ореви, какао или цимет.

Комбинации има безброј, а изборот е ваш.

osvezuvanje-za-5-minuti-1

Витаминско фрапе

Потребни состојки:

  • 4 праски, 2 моркови, 2 dl млеко, 2 dl вода, лажица мед.

Подготовка:

Морковите исчистете ги, изрендајте ги, прелијте ги со медот и оставете ги да постојат половина час. Праските исчистете ги, па заедно со морковите иситнете ги во блендер. Во подготвената каша додајте млеко, матете уште малку па додајте ја водата. Пред да го послужите фрапето декорирајте го со парченца овошје и листови од нане.

osvezuvanje-za-5-minuti-2

Сани шејк

Потребни состојки:

  • 1 банана, 1 круша, 200 ml блага павлака, 200 ml јогурт (пожелно е да биде со помалку маснотии), 2 лажици мед, половина чаша издробен мраз.

Подготовка:

Иситнете ги бананата и крушата во блендер, па додајте го медот и јогуртот. На подготвената каша додајте ја благата павлака и матете до саканата густина. На крајот додајте го мразот. Декорирајте по ваш избор, но најдобро со парчиња свежо овошје.

Би можело да ве интересира:

Вистински бисери, винтиџ сет за трпезарија - 14 луѓе кои пронајдоа богатство во продавници од втора ... „Ќерка ми најде винтиџ комплет од Victoria’s Secret. На него пишува дека е од 19...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
Колку брзо и драстично се менува светот околу нас, низ илустрации Со машините за алишта, за садови и робот правосмукалките, домашните обврски ни с...
16 црвени знаменца кои укажуваат дека си имате работа со нарцисоидна личност Ви ѕвонат без престан стопати ако не кренете веднаш. Ве сметаат како нивно продо...

Најчитани неделава