Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


50 работи кои треба да ги направите во животот

50-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-barem-ednas-vo-zivotot-povekjeДа. Еднаш се живее. Не за џабе велат, живеј го секој ден како да ти е последен. Го користите ли до максимум вие секој момент? Дали правите работи...


...за кои знаете дека нема да се покаете?

Ова е една листа на нешта кои мора да ги направите барем еднаш во животот:

1. Да посетите голем спортски настан – Олимпијада, светско првенство во фудбал и слично.

50-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-barem-ednas-vo-zivotot

2. Да направите огромна домашна журка на која ќе ги повикате сите пријатели.

3. Да пливате со делфини или да нуркате во длабочините на морето.

4. Да скокате со падобран.

5. Да научите барем еден странски јазик кој ќе го користите.

6. Да се појавите на телевизија.

7. Ноќно капење.

8. Научете како да давате комплименти.

9. Да и подарите на мајка ви огромен букет цвеќе и да и кажете колку ја сакате.

10. Да пратите порака во шише.

11. Да јавате камила во пустина.

12. Да засадите дрвце.

13. Научете да кажете да и кога не го мислите истото.

14. Да бидете шеф.

15. Да се заљубите – беспомошно и безусловно.

16. Да пиете пиво на Октоберфест во Минхен.

17. Да се туширате на водопад.

18. Да побарате покачување на платата.

19. Да пишувате дневник.

20. Да ја поминете новата година на егзотична дестинација.

21. Да направите крајна будала од себе.

22. Да имате едно скапо брендирано одело или фустан.

23. Да спиете под ѕвездите.

24. Да ја пронајдете работата која ја сакате.

25. Да го надминете стравот од неуспех.

26. Да  купите свој дом и да трошите време на негово уредување.

27. Да возите кабриолет со многу гласна музика.

28. Да се прифатите себе си онакви какви што сте.

29. Да присуствувате на огромен концерт.

30. Да донирате нешто – анонимно.

31. Да го посетите Ерусалим.

32. Да трчате на маратон, учествувате на велосипедска трка или на карневал.

33. Да живеете во друг град барем еден месец.

34. Научете да готвите.

35. Да останете будни цела ноќ и да го гледате изгрејсонцето.

36. Да поминете викенд со пријателите/пријателки во кој ќе направите се што ви лежи на душа.

37. Да танцувате како откачени без да се замарате кој ве гледа.

38. Да имате скршено срце.

39. Да отидете на крстарење.

40. Да направите куќичка за куче или за птици.

41. Да заборавите на сите проблеми и да уживате во ноќта.

42. Да бидете независни.

43. Да научите да примате критики.

44. Да се одвикнете од пушење, прејадување, пречесто гледање телевизија.

45. Да седите на подот во моментот кога е слободна најудобната фотеља.

46. Да одите на тура низ Европа со воз и со авто стоп.

47. Да поминете цел ден на сонце на плажа.

48. Да се дружите со пријателите од основно и средно училиште.

49. Да се мавате со снежни топки и кога сте возрасни.

50. Да уживате во секој нов ден!

Колку успеавте да пречкртате во листата? Имате да додадете уште нешто?

Би можело да ве интересира:

„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
Фото-докази дека познатите знаменитости изгледаат сосема поразлично од друга перспектива Сте виделе ли како изгледа внатрешноста на Кривата кула во Пиза? А, сте ја видел...
11 манипулативни тактики на луѓето жедни за внимание Драмата што ја создаваат личи на театарска претстава со совршено темпиран настап...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...
10 возрасни кои со фиксна протеза добија нова насмевка, па не можат да престанат да се смеат „Денес ја извадив протезата. Пред да ја ставам имав и 2 операции за корекција на...
„Најдобрата другарка ми заби нож во грб - ми требаше време да го сфатам тоа и да го прекинам пријате... „Дознав дека одела и зад мојот грб ширела лаги за мене, на нашите заеднички друг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg