11 работи за кои жените мораат секојдневно да се грижат (а мажите немаат поим)
„Се чувствуваме како ние да треба да знаеме да се справиме со сè. Партнерот е гневен или анксиозен? Ние треба да го смириме. Фали нешто во фрижидерот? Ние треба да го купиме. Некој е болен или слави роденден? Ние треба да купиме подарок. Кучето или децата треба да одат на лекар? Ние треба да ги носиме“.

Статистиката покажува дека жените се изложени на поголем ризик од каква било форма на насилство или онлајн вознемирување.
Исто така,истражувањата покажале дека жените почесто добиваат погрешни дијагнози бидејќи не се сериозно сфатени од нивните лекари.
Факт е и дека во голема мера, жените повеќе се грижат за домашните обврски, без разлика што и тие работат со полно работно време како нивните партнери.
Сето ова значи дека жените секојдневно се соочуваат со проблеми или предизвици на кои мажите не ни помислуваат.
На Редит, неколку жени споделуваат за кои работи се грижат секојдневно, а им се непознати на мажите.
Дел од нивните одговори во продолжение:
„Мажи кои ни свиркаат и ни дофрлаат одвратни коментари. Ова им се случува и на малолетни девојки, некогаш и помали од 13 години“.
„Првото нешто што го правам кога влегувам во мојот автомобил е заклучување на вратите. Имав две ситуации кога маж што не го познавам се обиде да ми влезе во автомобилот“.
„Јас сум маж и работам како наставник. Имам забележано дека многупати родителите повеќе ме слушаат мене, отколку моите колешки кои се и подобри наставнички од мене“.
„Некои мажи мислат дека само затоа што сум жена, не знам ништо. На пример, одам на автомеханичар и пробува да ме излаже дека ми требаат поправки кои знам дека не се потребни“.
„Мораме постојано да се грижиме да не се најдеме во ситуација каде можеме да бидеме нападнати. Како затворање на сите прозорци ако сме сами дома“.
„Се чувствуваме како ние да треба да знаеме да се справиме со сè. Партнерот е гневен или анксиозен? Ние треба да го смириме. Фали нешто во фрижидерот? Ние треба да го купиме. Децата имаат приредба? Ние треба да се погрижиме дека имаат сè што им треба. Некој е болен или слави роденден? Ние треба да купиме подарок. Кучето или децата треба да одат на лекар? Ние треба да ги носиме“.
„Од жените секогаш се очекува да бидат насмеани и да се однесуваат фино. Ако сме со неутрален израз на лицето, нè перципираат како да сме гневни или неучтиви“.
„Постојано мора да се грижиме за нашата безбедност. Мислиме каде е безбедно да паркираме, се преправаме дека зборуваме на телефон ако се движиме навечер… И, ова не е секогаш предизвикано од страв, туку нешто што не можеме да го исклучиме и е дел од нашето секојдневие“.
„Преку глава ми е кога луѓето се шокирани што сум интелигентна“.
„Многу често не нè сфаќаат сериозно. Имаме проблем со здравјето? Можеби самo си го замислуваме. Изгледаме добро? Тогаш сме ’евтини‘. Изгледаме лошо? Тогаш не вредиме. Сакаме да кажеме нешто? Тогаш премногу зборуваме…“
„Мразам што ако се случи нешто лошо, прво се обвинуваат жените. Некој те силувал – каква облека си носела? Некој те следел до дома – зошто си излегла толку доцна? Некој те демне – зошто си флертувала со него?“
Спирова С. | Црнобело
