Соништата за поранешниот партнер може да бидат лош знак - кои се толкувањата?

Според многумина, соништата за бившиот се лош знак, затоа што на овој начин интуицијата ви кажува дека нешто негативно се случува или допрва ќе се случи во вашиот живот. Кои се најчестите толкувања на соништата поврзани за бившиот партнер?

sonishtata-za-poraneshniot-partner-se-losh-znak-zoshto-01.jpg

Колку пати ви се случило да го сонувате бившиот партнер и да се прашувате што може да значи тој сон?

Понекогаш сонот за бившиот воопшто не мора да биде поврзан со него како личност, ниту пак со емоциите дека ви недостига, туку многу повеќе укажуваат на вас како личност.

Ако сонувате за бившиот партнер со кого неодамна сте раскинале, тогаш тој сон може да укажува на тоа како се справувате со раскинувањето.

Па затоа потребно е да си ги поставите прашањата: „Дали сте среќни или тажни?“, „Дали конечно сте ставиле крај или сѐ уште не можете да се помирите со тоа дека сте ја прекинале врската?“

sonishtata-za-poraneshniot-partner-se-losh-znak-zoshto-02.jpg

Во продолжение повеќе соништа поврзани со бившиот партнер и неколку толкувања:

Немате доволно самодоверба

Ако одненадеж го сонувате поранешниот партнер тоа може да значи дека се чувствувате несигурно и ви недостасува поголема самодоверба.

Ако поранешниот партнер сака да се смирите тоа укажува дека постои некој конфликт во вашиот живот и дека заради тоа што се чувствувате безнадежно за иднината, се навраќате на минатото и копнеете за убавите мигови.

Ако вашата несигурност е поврзана со сегашниот партнер, неразрешените чувства (за поранешниот партнер) може само да ве попречат во носењето рационални одлуки и ви ја црпат енергијата.

Тоа значи дека е редно време да заборавите на минатото и да се сконцентрирате на сегашноста.

sonishtata-za-poraneshniot-partner-se-losh-znak-zoshto-03.jpg

Копнеж за нешто што го имал поранешниот партнер

Тука не станува збор само за материјалните работи. Ако често размислувате за некои карактерни особини на вашиот поранешен дечко што многу ви се допаѓале, многу е веројатно тој да ви се појави во соништата.

Можеби тој бил мошне амбициозен и самоуверен и сте чувствувале дека тој ви е најголема поддршка во животот, па така во миговите кога се чувствувате несигурно сосема нормално е да сонувате дека тој е тука со вас за да ве води.

Ви недостасува поголема поврзаност со сегашниот партнер

Соништата за бившиот се појавуваат во моментот кога потсвесно се сеќавате на тоа како сте се чувствувале во периодот кога сте биле заедно со него.

Дали постојат некои работи од минатата врска што ви недостасуваат со сегашниот партнер?

Можеби не се чувствувате целосно исполнето и копнеете за поголема поврзаност, каква што сте имале со поранешниот партнер.

Сепак, обидете се да бидете внимателни и да не го споредувате минатото со сегашноста. Инаку, никогаш нема да бидете задоволни.

Сфатете дека сте во врска со сосема различни луѓе и околности, па затоа станува збор за две сосема различни врски.

sonishtata-za-poraneshniot-partner-se-losh-znak-zoshto-04.jpg

Бидете внимателни

Според многумина, соништата за бившиот се лош знак, затоа што на овој начин интуицијата ви кажува дека нешто негативно се случува или допрва ќе се случи во вашиот живот.

Ако сонувате дека бившиот дечко починал значи дека нешто лошо ќе се случи во вашата сегашна врска.

Следете ја интуицијата и тоа ќе ви помогне да избегнете некоја непријатна ситуација.

Ако не се чувствувате безбедно во новата врска, овој сон е знак дека треба да преземете сериозни чекори да се заштитите.

Не можете да се ослободите од минатото

Првиот одговор што би ви паднал на ум по ваков сон е дека најверојатно сѐ уште не сте расчистиле со минатото и дека ви е потребно време.

Потребно е да најдете начин да се ослободите од минатото за да не ве прогонуваат соништата за минатото и да не ви влијаат негативно врз сегашноста.

За толкување повеќе соништа погледнете го нашиот СОНОВНИК.

sonishtata-za-poraneshniot-partner-se-losh-znak-zoshto-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава