20 начини на кои несвесно си го уништувате животот во вашите 20-ти

20-nachini-na-nesvesno-koi-si-go-unishtuvate-zhivotot-vo-vashite-20-ti-03.jpg

11. Неразумно ги трошите сите пари. Во ред е да се забавувате и одвреме-навреме да се почастите со нешто. Но, во 20-тите мора да научите да бидете поодговорни со вашите пари и да научите да штедите.

12. Никогаш не си ги признавате грешките. Не постои личност која не греши, но за многумина е тешко да признаат кога ќе погрешат. Не заборавајте дека од грешките ги учиме најдобрите лекции, па научете да ги признавате.

13. Останувате во токсична врска бидејќи ви е страв да бидете сами. Секогаш е подобро да бидете сингл, отколку со партнер кој прави да се чувствувате мизерно.

14. Не ги преиспитувате вашите одлуки. Морате да размислувате за сите ваши одлуки – и добри и лоши – со цел да извлечете поука од нив и да станете подобра личност.

15. Им верувате на луѓето кои ве критикуваат. Некогаш треба да прифатите критика, особено кога доаѓа од личност која знаете дека ве сака и цени. Но, немојте да им верувате на сите кои ве критикуваат и не дозволувајте да ви ја срушат самодовербата.

20-nachini-na-nesvesno-koi-si-go-unishtuvate-zhivotot-vo-vashite-20-ti-02.jpg

16. Не читате. Читањето, без разлика дали фикција, стручна литература или што било друго, ќе ги прошири вашите видици, ќе го збогати вашиот речник и ќе го збогати вашето знаење.

17. Не патувате. Не секој може да си дозволи да го пропатува светот, но сигурно можете барем да ја истражите нашата земја. Секое патување, дури и на многу блиска дестинација, е искуство што ќе ве научи на многу работи и што сигурно ќе го памтите.

18. Не наоѓате време за релаксација. Важно е да работите на вашите цели и да се надоградувате, но исто важно е да наоѓате и време само за себе.

19. Им дозволувате на стравовите да владеат со вас. Сите луѓе чувствуваат страв, особено кога треба да се соочат со нешто ново. Но, никогаш не треба да дозволите овој страв да ве контролира.

20. Правите работи само затоа што сметате дека морате. Во 20-тите мора да научите да кажувате „не“ и да посветите поголем дел од времето на активности што вие сакате да ги правите и што ви се од корист.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...

Најчитани неделава