Колку вистина има во пророштвата на баба Ванѓа и што предвидела за 2023 година?

Кои се нејзините најпознати пророштва?

Како што веќе спомнавме, самата баба Ванѓа нема запишано ниту едно пророштво, па мора да се потпираме на изјавите на луѓето кои наводно ги слушнале овие пророштва.

Некои луѓе тврдат дека таа го предвидела распадот на Советскиот Сојуз, катастрофата во Чернобил и датумот на смртта на Сталин.

Сепак, некои велат дека голем дел од пророштвата што ѝ се припишуваат на баба Ванѓа се само митови. Односно, таа никогаш не ги предвидела овие настани.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-06.jpg

Некои веруваат дека таа ја предвидела и сопствената смрт. Имено, баба Ванѓа рекла дека во сон видела дека ќе почине на 11-ти, а ќе биде погребана на 13-ти август.

Кратко пред ова пророштво, таа наводно кажала дека по нејзината смрт, слепо девојче од Франција ќе ги наследи нејзините моќи.

Иако не можеме да ги потврдиме пророштвата што наводно ги кажала баба Ванѓа, постои случај со босанска актерка и пејачка кој е по малку морничав.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-11.jpg

Силвана Арменулиќ била на турнеја низ Бугарија и решила да ја посети баба Ванѓа бидејќи тој период била опседната со претскажување на иднината.

Наводно, баба Ванѓа воопшто не ѝ прозборела, а по извесен период само ѝ рекла дека не сака пари од неа и да си оди.

„Не сакам да зборувам со тебе. Не сега. Оди и врати се за три месеци“, ѝ рекла баба Ванѓа.

 kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-008.jpg

Но, како што актерката се упатила кон вратата, баба Ванѓа рекла:

„Чекај. Нема да можеш да дојдеш“.

Актерката го сфатила ова како пророштво за нејзината смрт и расплакана излегла од домот на баба Ванѓа.

Силвана загина во сообраќајна несреќа истата година.

 kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-009.jpg

Што предвидела за 2023 година?

Уште еднаш истакнуваме дека не може со сигурност да се знае кои пророштва се навистина кажани од баба Ванѓа, но некои се повторуваат од неколку различни извори кога станува збор за 2023 година.

Исто така, имајте на ум дека пророштвата можат да бидат двосмислени и да се толкуваат на различни начини. Па, секогаш можеме да си најдеме некаква поврзаност со сегашните настани, дури и ако пророштвата се однесуваат на некој друг период.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-05.jpg

Наводно, за 2023 година баба Ванѓа предвидела некаква нуклеарна катастрофа.

Таа изјавила и дека некоја „голема држава“ ќе прави истражувања со биолошко оружје врз луѓе, кои ќе резултираат со илјадници смртни случаи.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-15.jpg

Баба Ванѓа предвидела и дека, некако, Земјата ќе си ја промени орбитата, како и дека планетата ќе биде погодена од голема соларна бура.

Според некои извори, баба Ванѓа предвидела дека ќе се забрани природното раѓање на луѓето, а сите бебиња ќе бидат „одгледани“ во лабораторија.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-02.jpg

Кои се неостварените пророштва на баба Ванѓа?

Ако слепо им веруваме на пророштвата на баба Ванѓа, нè очекуваат навистина мрачни денови, па затоа е важно да споделиме и дел од пророштвата кои биле погрешни.

Таа сметала дека во 2010 година ќе почне нова светска војна во која ќе се користи нуклеарно оружје и која ќе трае до 2014-та.

Друго погрешно предвидување е дека во 2011 година северната хемисфера ќе остане без животни и растенија, а жителите од муслиманските земји ќе почнат војна против Европа.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-14.jpgГробот на баба Ванѓа

Баба Ванѓа сметала дека како последица од светската војна, по 2014 година многу луѓе ќе страдаат од рак на кожата и други слични заболувања.

Таа предвидела дека до 2016 година Европа ќе биде речиси целосно празен континент.

Баба Ванѓа верувала и дека на почетокот до 21-иот век ќе биде откриен лек за рак, како и дека луѓето ќе станат бесмртни.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-04.jpgЕдна од нејзините куќи во Петрич

Ова се само дел од неостварените пророштва на баба Ванѓа, а ги има многу повеќе.

Можеби таа навистина имала некаква моќ за гледање на иднината, но кога ќе земете предвид колку пророштва биле погрешни и колку не се ни кажани од неа, нема потреба да се грижите за делумно мрачните предвидувања за нашата иднина.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава