Колку вистина има во пророштвата на баба Ванѓа и што предвидела за 2023 година?

Сè што знаеме за баба Ванѓа, вклучувајќи ги и нејзините пророштва, е отворено за интерпретација бидејќи потекнува само од раскажувањата на луѓе кои ја посетиле. Истовремено, таа самата нема запишано ниту едно пророштво, што значи можеби воопшто не ги предвидела работите кои ѝ се припишуваат. Но сепак, баба Ванѓа е несомнено фасцинантен лик и вреди да знаеме нешто повеќе за неа.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-01.jpg

Сите сме слушнале за Баба Ванѓа – слепата старица која можела да ја предвиди иднината, но и за која многумина верувале дека има некаква натприродна моќ.

Пророштвата на Баба Ванѓа се споредуваат со оние на Нострадамус, а доста позната е и нејзината способност за исцелување.

Сепак, иако баба Ванѓа е популарен лик низ цела Источна Европа, деталите од нејзиниот живот варираат во зависност од изворите.

Односно, знаеме некои работи благодарение на раскажувањата на луѓето, но дел од нив не можеме да потврдиме.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-13.jpg

Истото важи и за нејзините пророштва – баба Ванѓа нема запишано ниту едно пророштво, па секогаш е дискутабилно што точно кажала.

Но, сето ова не ја прави баба Ванѓа помалку импресивна личност која дефинитивно го оставила својот белег во овие области.

Што знаеме за нејзиниот живот и како ја добила својата моќ?

Многумина дебатираат за националноста на баба Ванѓа, но можеме да бидеме сигурни за две работи – таа е родена во 1911-та во Струмица, Македонија, а починала во Софија, Бугарија, во 1996 година.

Таа била предвреме родено бебе и наводно имала многу компликации со здравјето.

Нејзиниот татко се борел во Првата светска војна, а нејзината мајка починала кратко по војната. Поради ова, баба Ванѓа во младоста зависела од дарежливоста на соседите и некои членови од семејството.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-03.jpg

Баба Ванѓа била интелигентна девојка и уште во младоста покажувала интерес за лековити билки. Според некои кажувања, во детството честопати си играла лекар и им „препишувала“ лековити билки на „болните“ пријатели.

Животот на баба Ванѓа драстично се променил кога го изгубила видот. Според нејзиното сведоштво, кога имала 15 години, силен ветер (или торнадо) ја кренал во воздухот и ја „фрлил“ на земјата во некоја нива.

Кога била пронајдена, била преплашена, а нејзините очи биле покриени со прашина и не можела да ги отвори.

Поради сиромаштијата, не можела да си дозволи добра медицинска нега, па постепено почнала да го губи видот.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-12.jpg

Во 1925 година, баба Ванѓа отишла во Земун, Србија, и три години посетувала училиште за слепи каде што научила Брајова азбука.

Според некои автори, таа самата тврдела дека откако го загубила видот, почнала да добива визии и се опишувала како јасновидец.

Во 1939 година, таа имала сериозно воспаление на белите дробови и лекарите предвидувале дека ќе умре, но сепак преживеала.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-09.jpg

За време на Втората светска војна, народот почнал да слуша за нејзината способност за лекување, но и способноста за предвидување на иднината.

Почнале да ја посетуваат многу луѓе, од кои повеќето само сакале да знаат дали нивните сакани ја преживеале војната или каде загинале.

Таа станала толку популарна, што во 1942 година ја посетил и бугарскиот цар Борис Трети, а во наредните години ја посетувале и други политичари и лидери.

Во мај 1942 година, баба Ванѓа стапила во брак со Димитар Гуштеров – бугарски војник од село во близина на Петрич.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-10.jpgБаба Ванѓа со сопругот

По венчавката, тие се преселиле во Петрич, а популарноста на баба Ванѓа само се зголемувала.

Низ годините, таа била посетена од многу луѓе кои барале совет за нивната иднина или лек за болеста што ги мачи. 

Баба Ванѓа почина во 1996 година, од рак на дојката.

kolku-vistina-ima-vo-proroshtvata-na-baba-vangja-i-shto-predvidela-za-2023-godina-08.jpgПогребот на баба Ванѓа

На следната страница нејзините пророштва за 2023 година...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава