Чоколаден ликер

cokoladen-liker-povekjeШтом малку застуди ни текнува на топлото чоколадо. Во овој вкусен пијалак секој ужива, а ние ќе ви предложиме малку да експериментирате...


...и да ги испробате ароматичните мешавини на чоколадото и румот.

Чоколаден ликерcokoladen-liker

Потребни состојки:

1,5 l млеко, 500 g шеќер, 500 ml рум, 2 пудинга од чоколадо, 100 g какао, една кесичка ванила.

Подготовка:

Пудингот и какаото разматете го во 300ml студено млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер и варете се додека не се стопи.

Додајте го пудингот и какаото, па мешајте две до три минути. Во жешката смеса додајте рум, измешајте и изладете ја смесата. Изладениот ликер ставете го во шишиња и чувајте го на студено.

Чоколадниот ликер се служи со коцка мраз. Пред да се стави во шишиња убаво измешајте го. Доколку сакате ликерот да биде поредок, намалете ја количината на рум и шеќер, а зголемете ја количината на млеко.

Би можело да ве интересира:

Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
12 луѓе кои мораа да направат пластична операција (и животот одеднаш им стана поубав) „Направив операција на носот поради проблеми до дишењето и сега сум како нов чов...
Немаат тоалети и храна, постојано ги тепаат: Како изгледа престојот во најозлогласениот затвор во Ду... Затворот Al-Awir во Дубаи е вистински кошмар, а токму овде завршуваат повеќето з...
„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“ Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, с...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...

Најчитани неделава