Не е тајна дека сите писатели се малку чудни. Потребен е поинаков ум за да се создаде имагинарен свет во кој лесно можеме да се изгубиме. Понекогаш фикцијата излегува од страниците на книгата и влијае врз секојдневниот живот на авторот, и често е тешко да се направи дистинкција помеѓу имагинарните ликови и реалните личности...
Кабуки е вид традиционален јапонски театар создаден во 16 век. Зборот кабуки претставува: Ка-пеење, Бу-танц и Ки-вештина. Создавањето на овој магичен театар се поврзува со 1596 година, кога Шинтоистичката свештеничка Окуни го извела својот танц....
Апсолутно секој човек има работи кои ги задржува само за себе и кои дури би се засрамил ако другите ги дознаат.
Веќе сите сме свесни дека животот на Инстаграм е една голема лага, но како успеваат во тоа блогерките и останатите кои лажно си го прикажуваат животот?
Иако мислите дека парите и скапите предмети ви се безбедни пикнати некаде длабоко во плакарот и фиоките – размислете уште еднаш...
Вегетаријанската исхрана стана многу популарна низ целиот свет во текот на последните децении. Историјата на овој животен стил и неговата основа за почитување на животинскиот свет и планетата ги има своите корени во долината на реката Инд и античката Грција. Вегетаријанството било познато и практикувано во античкото време. Всушност, се чини дека човештвото јадело поголеми количества на месо само во последните 1000 години. Пред тоа, потрошувачката на месото била мала. Ова се должи делумно на проблемите поврзани со ловот. Многу древни луѓе, исто така, имале поинаков поглед на светот.
Човекот е најголемиот виновник за уништувањето на природата, а овие илустрации на суров и реален начин го прикажуваат тоа.
Ако чувствувате голема вознемиреност и нервоза пред да излезете со пријателите, пред да одите на работа или состанок, ручек со вашите роднини или некое друго место со поголема група на луѓе, можно е дека страдате од социјална фобија. Но не се грижете, многу луѓе го имаат истиот проблем. Ќе ви дадеме неколку техники и совети кои се покажаа како најефективни за надминување на социјалната фобија.
Целиот нервен и мускулен систем е под директна контрола на мозокот. Сите системи потребни за извршување на одредено дејствие потекнуваат од него. Прашањето е зошто на нашиот мозок му е полесно да ја кажува вистината отколку да лаже?
Луѓето се многу добри во тоа да бидат строги кон себе. Лесно им е да си прибележуваат за нешта кои можеле да ги направат подобро, но и да се убедат дека е доцна за промени.
Денес поимот „џентлмен“ може да се слушне насекаде. Честа е и сеприсутна тема во машките списанија, емисии и разговори, а употребата на овој термин е многу распространета. Дефиницијата на џентлменот е променета, во однос на онаа традиционалната за која сите имаме читано. На пример, порано еден џентлмен требало да има слуга и не смеел да готви. Така принцот Филип, кој претставувал пример за вистински џентлмен, бил познат по своите расистички и некултурни испади. Денес ваквото однесување сигурно не би се сметало за џентлменско. Со оглед на тоа што значењето на терминот „џентлмен“ значително се промени, прашање е што денес значи да се биде џентлмен?
На преминот од 19-ти на 20-ти век луѓето доживеале револуција. Тешките физички работи се заменети со машини кои значително го подобрија транспортот и комуникацијата. На разгледниците од тој период можеме да видиме како луѓето ја замислувале иднината, односно, времето во кое живееме денес...
Лошото и негативно расположение веднаш по будењето ви предизвикува стрес и ве прави непродуктивни на работа и тоа може да потрае и во текот на целиот ден.
Точното потекло на верување во натприродни суштества познати како Џинови, како ни етимологијата на нивното име, не е целосно решено. Џиновите се денес, благодарение на поп-културата (особено цртаниот филм Аладин), познати како „духови од магичната ламба“. Но во оригиналните верувања ретко се поврзувале со предмети како ламби, иако обично живееле во мали и темни места. Зборот џин е, всушност, арапска збирна именка која означуваа цела категорија на натприродни суштества од источниот фолклор, а еднина на овие именки е џини...
Животот ги има своите убави, инспиративни и среќни моменти, како што ги има и лошите и тешките моменти. Многу пати не знаеме како да реагираме во одредена ситуација, а некои потешкотии делуваат невозможно. Постојат одредени правила и закони во животот кои ни помагаат да го разбереме значењето на нашите постапки или да се соочиме со потешкотиите. Секогаш имајте ги предвид овие неколку правила.
Дендизмот е она што им е заедничко на Лорд Бајрон, Енди Ворхол, Оскар Вајлд, Дејвид Боуви, Бодлер, Евгениј Онегин, Марсел Пруст. Секој од нив бил денди на свој начин. Дендизмот е естетската форма на нихилизмот. Приказната за дендизмот започнува во Британија, кон крајот на 18-от век, а ја започнал Џорџ Брајан Бо Брумел, човекот кој имал најголемо влијание врз машката мода, не само во Британија туку и во светот. Денес неговиот дендизам се смета за филозофски став според кој човекот знае дека историјата е завршена и дека повеќе не може да се идентификува со улогата на херојот.
Во ова стресно време, кога речиси секој од нас преживува наместо да живее, многу е тешко да се заобиколи негативната состојба на умот. Времето минува побрзо од кога било а на луѓето не им останува момент да се посветат на тоа што им тлее во душата.
Возрасните луѓе имаат ограничен круг на пријатели кои со текот на времето ги „поминале“ најважните критериуми. Но, некогаш се случува и меѓу нив да има „токсичен“ однос.