Кога сте деца и тинејџери, зборот „тетка“ или „чичко“ не звучат така страшно... Но, кога ќе наполните 30 веќе може да ги сфаќате како лична навреда, кога ќе ви ги упатат вам...
Тиркизната нијанса е веројатно една од најоргиналните во која може да ги офарбате шарените велигденски јајца, но не и најлесната за погодување...
Луѓето толку многу се плашат од неуспеси, што дури престануваат да се обидуваат. Тоа е најголемата грешка.
Разбудете се со насмевка и помислете на една работа која сметате дека ќе ви донесе радост тој ден.
За феноменални, виолетово обоени велигденски јајца нема да ви требаат разни фарби и техники, туку само најобично црно вино...
Жорж Санд, чие вистинско име било Аурора Дупен, живеела во времето на Наполеоновиот закон кога жените немале право да поседуваат имот, да се разведат и повторно да се омажат. Санд, по осум години брак, решила да се пресели во Париз каде работела како новинар, сликар и пред сè како писател. Токму во Париз се создава Жорж Санд. „Госпоѓа Дупен е мртва, сега постои само Жорж Санд. Жената во машкиот лик.“ И тогаш започнала нејзината борба, не против мажите, туку за правото на жената да биде слободна за да решава за сопствениот живот.
Како ви изгледа утринската рутина? Дали имате зацртано кои работи треба да ги завршите пред денот „да прекрши?“
Психолошките трикови се честа тема за обработка. Многу од овие трикови им помагаат на разни професионалци да манипулираат со луѓето, како и да се заштитат себеси да не бидат измамени од другите. Вие не треба да сте професионалци за да се користите со нив - ова се едноставни психолошки манипулации што може да ви послужат во секојдневниот живот.
Светиот пијалак на амазонските племиња, познат како ајахуаска, денес претставува голема мистерија и желба за авантуристи кои сакаат да се убедат во приказните за ефектите на овој пијалак. Дали станува збор за езотерични шамански ритуали, трансцендентално разбирање на светот или астрални проекции? Од една страна стојат научниците, чиј пристап кон светот се базира на логичките аргументи, кои го гледаат овој пијалак како психоделик кој предизвикува халуцинации, додека од друга страна стојат спиритуалистите кои сметаат дека ова искуство може да ви го промени животот. Но што е навистина ајахуаска и како делува овој мистичен пијалак?
Стравот е постојан дел од нашиот живот. Тој успева да нè спаси од многу опасни ситуации и да нè спречи да постапиме онака како што инстинктот нè тера.
Мирот и благосостојбата на умот и духот ќе ги постигнете во моментот кога ќе се ослободите од нештата кои ве ограничуваат во вашата среќа.
Каде и да погледнете, која социјална мрежа и да ја следите, прилично сме сигурни дека вашиот времеплов е полн со инспиративни цитати, само-помошта е вештина која се предава насекаде, грижата за себе е случување на деценијата и сите ние сме постојано во потрага по среќа, смиреност и самодоверба ... но дали знаеме каде да почнеме?
Првиот Дизни парк бил отворен на 17 јули, 1955 година, во Анахајм, Калифорнија. Станува збор за прв тематски парк дизајниран и изграден под будното око на основачот, познатиот Волт Дизни. Идејата на Волт Дизни да направи местото каде што подеднакво ќе уживаат и возрасните и децата била едноставна, но реализацијата на истото била потешка. Поминале многу години пред оваа идеја да стане реалност.
Секој кој бил дури и најмалку повреден најпрво примил прва помош, а потоа и лекарска помош. А, луѓето веруваат во многу погрешни совети околу првата помош.
32-годишниот Едуардо Салес е илустратор и графички дизајнер од Мексико. Неговите цинични илустрации (Cinismo Ilustrado) имаат цел да нè потсетат во каков свет живееме денес и што всушност човештвото си прави самото на себе. Тој веќе има објавено 2 книги со илустрации и е добитник на многубројни награди и признанија...
Ако сакате да патувате повеќе од еднаш во годината и поголем дел од времето сакате да го поминете на друго место, мора да најдете начин кој нема да „удри“ по џебот.
Лошиот здив е непријатна ситуација во која многумина некогаш се нашле, но што го предизвикува тој лош мирис во устата?
Постојат личности кои во нашите животи доаѓаат за да нè потсетат на целите кои треба да ги оствариме и да ни помогнат на патот кон нив.