Во античко време жените се сметале за различен вид од мажите бидејќи имале поинакви тела и вештини. Денес, колку и да се променети нештата во однос на тоа колку се рамноправни двата пола, постојат многу неразјаснети мистерии за женското тело.
Како и секоја друга појава, дискордијанизмот е креација на своето време, како симпатичен социјален феномен. Едно е да се зборува за мрзеливоста на авангардните писатели кои ја измислиле оваа доктрина, но сосема друго е да се зборува за причина на нејзината популарност. Многу луѓе тврдат дека за дискордијанизмот не може ништо да се каже со сигурност. Што е, всушност, дискордијанизам? Филозофски став, уметнички манифест или религија?
Секој човек во суштина е позитивна личност; некој повеќе, некој помалку. Некои луѓе се трудат да ги разведрат сите околу себе, други пак да се расположат себеси. Доколку спаѓате во овие вторите, сигурно се прашувате што правите погрешно.
Дали знаете дека делот од домот кој ви е најмалку среден и каде најмногу владее хаос може да открие каква личност сте?
За да можеме да продолжиме лесно да чекориме низ животот, некогаш треба да се ослободиме од дел од товарот на животот кој го носиме со себе.
Вашиот живот е ваш избор, исто како и луѓето кои ќе дозволите да бидат дел од него. Заземете цврст став во однос на тоа.
Многумина со душа ја очекуваа пролетта за да можат да уживаат во природата, прошетките, дружбите на отворено и свежиот воздух.
Природно е да мислите дека генот е виновен за вашите предности и недостатоци. Но, треба да знаете дека не сите ваши особини се наследни и (за жал) за некои работи не може да се „вадите“ на гените.
Ако нешто може да тргне наопаку, шансите дека тоа ќе се случи се речиси 100%. Звучи добро познато?
Денес благодарение на социјалните мрежи и лесната достапност да го изразиме мислењето, почнуваме да си ги преиспитуваме дури и најсекојдневните навики...
Стресните ситуации во денешното динамично темпо на живот се речиси неизбежни, но важно е како ќе реагирате на нив.
Фаталната жена, femme fatale, (француски назив за „смртоносна жена“), е еден од најстарите женски архетипови. Постои голема разновидност во тоа како е прикажана, но некои суштински особини се секогаш исти. Оваа жена е себична и манипулативна, а често и сексуален предатор. Познати примери на фаталната жена можат да се пронајдат во филмовите „Gone with the Wind“, „Fatal Attraction“, „Double Indemnity“, „Basic Instinct“, Мистик од „X-Men“ и сл. Како се создаде овој архетип на фатална жена?
Дури и ако сте од оние кои секогаш ги ставаат туѓите потреби на прво место, некогаш мора да одвоите време, простор и финансии само за себе.
Откако еднаш ќе успеете да се сфатите себе, многу полесно ќе ви биде да ги прочитате и карактерите и типот на личноста на другите луѓе.
Брадата е секси и мажествена, но дали и по оваа информација ќе ви биде подеднакво привлечна?
Работата во градината и дружбата со помлади луѓе се дел од работите кои може да направат да живеете подолго...
Поимот „гениј“ е еден од најфлексибилните поими во историјата. Неговото значење се менувало во зависност од времето кога било искористено, но суштина секогаш била непроменета. Гениј никогаш не бил синоним за просечност, тој секогаш означувал извонредност. Гениј како термин постои уште од времето на стариот Рим. Етимологијата на овој поим е поврзана со латинскиот термин genius - дух кој го штити детето во текот на животот. Извонредните дела, што човекот би ги направил за време на неговиот живот, се припишувале на неговиот добар однос со неговиот дух, гениус. Придонесување жртва на гениусот се одржало до ден-денес. Еднаш годишно човекот ја придонесува својата жртва на гениусот преку роденденска торта. Обичајот на роденденски прослави е инспириран од римскиот обичај на прославување на генијот.
Ако мислите дека луѓето прават необични работи денес, треба да ја проверите нашата, релативно понова историја и ќе видите дека нашите предци правеле чудни работи, кои во тоа време биле легални. Можете ли да замислите лекување на заби со кокаин или испраќање на деца по пошта? Можеби ќе ве изненади што порано се користеле кафези за бебиња и радиоактивни играчи, сосема легално. Или дека било модерно да се оди на екскурзија во менталните болници. Ова се неколку бизарни работи кои биле дозволени и вообичаени во минатото.