Неколку истражувања досега покажаа дека ако на луѓето им се понудат две супермоќи – да летаат или да бидат невидливи, повеќето ќе ја одберат првата, да летаат...
Сирени на автомобили, врескање, навреди, гестови, бесни изрази на лицето…Ви звучи познато? Ова е сценарио на секој голем град во кој улиците се преполни со луѓе кои постојано некаде брзаат. Колку повеќе луѓе има околу нас, толку повеќе се трудиме да ги избегнеме. Но зошто избегнуваме туѓи погледи и поздрави, зошто не сакаме да им помогнеме на странците на улицата? Зошто сме помалку љубезни во урбаните средини? Науката вели дека одговорот на ова прашање можеме да го пронајдеме во нашите мозоци.
Колку пати ви се случило да направите 50 различни фотки и на крај да одберете едвај една добра?
Зимата се чини како да трае неколку животи, но моментално сме во најубавото годишно време - пролет. Ако не и обрнете внимание лесно ќе прелета покрај вас, а има толку многу работи...
Сите го знаеме тоа чувство на адреналин и возбуда кога сакаме да купиме нешто. За некои луѓе знаците на кои пишува 50% попуст, само денес, и слично, не се разликуваат многу од активирањето на другите видови на зависност...
Сите знаеме дека човекот е побогат кога знае повеќе странски јазици. Познавањето на странските јазици во голема мера може да го олесни животот. На пример, нема да имате потешкотии да се снајдете во друга држава, ќе можете да читате книги на други јазици, а тоа знаење ќе ви донесе и предност при вработување. Учењето на странските јазици е тековен процес. Некои јазици се полесни, па побрзо можеме да ги научиме, додека за некои јазици треба да имаме талент и упорност за да ги добиеме посакуваните резултати. Постојат неколку активности кои можат да ви бидат корисни доколку сакате брзо да научите одреден странски јазик.
Речиси е излишно да се каже дека живееме во ерата во која доминираат медиумите и медиумскиот спектакл. Медиумите станаа толку нераскинлив дел од нашиот живот што, речиси, не ги доживуваме како нешто што е одвоено од нашиот секојдневен живот. Телевизијата, весниците, а особено интернетот се нешто што се смета за заеднички извор на информации, но дали тоа остава простор за манипулација? Дали медиумите, не само што влијаат, туку и ја создаваат нашата реалност? Тие имаат огромен ефект врз нашите животи, а помалку и ги диктираат. Како медиумите станале толку моќни за да можат да доминираат над денешното општество? Одговорот на ова прашање лежи во феноменот на медиумскиот спектакл.
Колку пати сте помислиле дека не вреди да се биде добар човек, дека сè е против вас или дека добрите гестови никогаш не се ценат? Кога вашиот добронамерен гест не е примен правилно од страна на вашата околина чувствувате фрустрација и беспомошност, особено кога тоа се случува често. Сепак, луѓето кои сакаат да ги чуваат другите и да им помогнат да се чувствуваат удобно не треба да престанат да шират љубов и внимание, само затоа што нивната околина не обрнува внимание на тоа. Сите ја користиме хипотезата за „праведниот свет“ кога обработуваме одредени информации. Често очекуваме да добиеме онолку колку што им даваме на другите, како да се работи за математичка операција. Мислиме дека секогаш ќе го добиеме она што го заслужуваме, но тоа не е така. Тогаш, како да се биде праведен во еден неправеден свет?
Кога луѓето велат дека го слушаат својот инстинкт, тие всушност мислат дека се водат од интуиција кога донесуваат важни одлуки. Сите имаме вродена способност да го слушаме нашиот внатрешен глас кој ни кажува дека нешто не е добро за нас...
Постојат легитимни стравови како, на пример, страв од тероризам, но од каде потекнуваат стравови од епидемии, бегалци, технологија или одредени видови на храна? Гледано историски и на глобално ниво, живееме во услови на минимална агресија, суровост и насилство во општеството. Сепак, нашите ирационални стравови и понатаму постојат. Овие стравови се повеќе присутни кај луѓето кои се во лоша економска ситуација или се помалку образовани. Стравот е неопходна емоција која извршува една функција - предвидување на опасноста. Некои стравови се универзални и поттикнати од: недостаток на рамнотежа, темнина, силни звуци. Другите имаат врска со учењето: учиме да се плашиме од летање или од остри предмети. Проблемот се јавува кога стравот постои без вистинска опасност. Ова се нарекува анксиозност, а анксиозноста е најчестиот проблем во современото општество.
Германски илустратор и љубител на природата сака да го направи светот подобро место, а преку неговите цртежи привлекува внимание кон социјалните и еколошките проблеми.
Истражувањата со цврсти докази покажуваат дека во просек е 6 пати поскапо да си жена, отколку маж. Но, зошто?
Колку пати досега сте се запрашале зошто сте магнет за токсични луѓе, манипулатори и општо лица кои ве исцрпуваат?
Мит претставува приказни кои потекнуваат од различни културни области од целиот свет, а зборува за потеклото и настанокот на човекот, народите и другите суштества, боговите и хероите како и универзумот. Митот секогаш се занимава со прашањето за потеклото на светот. Се дефинира и како општоприфатено верување кое се заснова на приказни кои ги објаснуваат работите околу нас...
Мора да признаеме дека на Инстаграм некако како сите да се поубави? Совршени фотки, добро избрани пози, но како е во реалноста?
Пред да се запрашате зошто постојано се чувствувате заситено, мрзоволно, безволно, можеби треба подобро да го погледнете просторот во кој живеете. Дали имате натрупано мал милион на ситници и работи кои само ве задушуваат, а не ви користат?
Рокови, рокови, рокови… Навикнати сме да живееме со нив и за нив. Всушност, дојдовме до степен да можеме да функционираме под сите видови притисок и никој не може да не обвини за тоа...
Кога одите во ресторан за првпат, треба да обрнете внимание на неколку работи кои се пресудни за квалитетот на истиот.