Се верува дека е предвесник на земјотреси – Нуркачи снимија ретка „риба весло“ во близина на Тајван (видео)

Ако оваа риба биде забележана во плитките води, тогаш ќе има земјотреси, според јапонското суеверие. Но, се претпоставува дека рибата што беше снимена во близина на Тајван е забележана во плитки води бидејќи е повредена.

se-veruva-deka-e-predvesnik-na-zemjotresi-nurkachi-snimija-retka-riba-veslo-vo-blizina-na-tajvan-video-01.jpg

За „рибата весло“ се вели дека е најголемата риба што има коски во својот труп, а неодамна нуркачи успеаја да снимат ваква риба во близина на источниот брег на Тајван.

Во јапонската митологија се верува дека оваа риба е предвесник на земјотреси, па затоа често ја нарекуваат и „риба земјотрес“.

se-veruva-deka-e-predvesnik-na-zemjotresi-nurkachi-snimija-retka-riba-veslo-vo-blizina-na-tajvan-video-02.jpg

Оваа риба била снимена од страна на нуркачи кои нуркале во близина на Тајван, а биле изненадени од нејзината појава во поплитките води затоа што вообичаено овие риби пливаат на длабочини од 200 до 1.000 метри.

Со оглед на тоа што живеат толку длабоко, се верува дека рибите ја претчувствуваат сеизмичката активност и пливаат кон површината за да се заштитат себеси.

Овие суеверија уште повеќе се прошириле во 2011-та година кога 2 години пред катастрофата во Фукушима, биле забележани голем број вакви риби како испливуваат на површината. 

se-veruva-deka-e-predvesnik-na-zemjotresi-nurkachi-snimija-retka-riba-veslo-vo-blizina-na-tajvan-video-03.jpg

Но, најверојатно овојпат рибата избрала да пливи во поплитки води затоа што е повредена, а на нејзиното тело на видеото може да се забележат големи дупки, што најверојатно се последици на напад од ајкула.

„Најверојатно рибата умираше, па затоа испливала во поплитки води“ - вели инструктурот за нуркање Ванг Ченг Ру, а пренесува NewYork Post.

Снимената риба е со големина од околу 2,5 метри и е всушност мала ако се земе предвид дека овие риби може да пораснат и до 19 метри.

se-veruva-deka-e-predvesnik-na-zemjotresi-nurkachi-snimija-retka-riba-veslo-vo-blizina-na-tajvan-video-04.jpg

Кликнете на стрелките од Инстаграм објавата за да го видите видеото:

Б. С. Б. | Црнобело  

Би можело да ве интересира:

Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава