5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче

Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на кучиња се понепослушни од поголемите.

5-te-najneposlushni-rasi-spored-lugje-koi-chuvaat-kuche-01.jpg

Оние кои сакат кучиња и животни се држат до ставот дека сите кучиња се добри – стануваат лоши само оние кои биле малтретирани или имале лоши сопственици.

Но, оние кои имаат искуство, знаат дека постојат кучиња кои се непослушни, односно се своеглави.

Неодамна, од Forbes објавија забавно истражување за послушноста на разните раси кучиња.

Во истражувањето биле анкетирани 5.000 испитаници кои чувале една од 25-те најпопуларни раси на кучиња.

Сопствениците одговарале прашања за темпераментот на нивните кучиња и нивното следење команди.

Можеби претпоставувате дека расата лабрадор ретривер се покажала како најпослушна, ротвајлерот е на второто место, на трето е ши-цу, на четврто - кане корсо, а на петто место е златен ретривер.

Но, интересно е што меѓу најнепослушните се нашле помалите раси на кучиња.

Петте најнепослушни раси:

5. Кавалерски шпаниел на кралот Чарлс

Сопствениците кажале дека овие кучиња се особено тешки за тренирање.

46% изјавиле дека нивното куче постојано бара храна, додека 35% велат дека кучето често лае без причина

11% изјавиле дека кучето скоро никогаш не слуша команди во јавност, а 13% рекле дека кучето честа голта предмети.

5-te-najneposlushni-rasi-spored-lugje-koi-chuvaat-kuche-02.JPG

4. Француски булдог

Околу третина од сопствениците на француски булдог кажале дека имаат проблеми со непослушноста на кучето.

63% изјавиле дека нивното куче често пробува да избега кога се надвор, додека 23% откриле дека кучето им создавало проблеми и ги ставало во ризични ситуации со однесувањето.

5-te-najneposlushni-rasi-spored-lugje-koi-chuvaat-kuche-03.JPG

3. Хавански бишон

Овие кучиња се гласни, па не се за луѓе кои сакаат мир.

59% од испитаниците кажале дека нивниот хавански бишон лае по луѓе кога е надвор.

25% изјавиле дека често им уништува предмети во домот, додека 32% имале проблеми со други кучиња или луѓе поради лошото однесување.

5-te-najneposlushni-rasi-spored-lugje-koi-chuvaat-kuche-04.JPG

2. Бигл

40% од испитаниците кои чувале бигл се пожалиле за однесувањето на кучето.

49% изјавиле дека нивното куче постојано бара храна, додека 13% изјавиле дека ретко слуша команди кога е надвор.

Дури 59% изјавиле дека кучето често пробува да бега од дома.

5-te-najneposlushni-rasi-spored-lugje-koi-chuvaat-kuche-05.JPG

1. Сибирски хаски

Добро познат факт е дека иако се слатки и мили, хаските сепак се непослшни.

Покрај тоа што се гласни, околу 10% од сопствениците се пожалиле дека нивното куче има многу лошо однесување.

46% изјавиле дека нивното куче често скока по други луѓе, а 23% изјавиле дека уништува предмети низ домот.

60,5% од сопствениците изјавиле дека кучето честопати пробува да избега од дома.

5-te-najneposlushni-rasi-spored-lugje-koi-chuvaat-kuche-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава