10 емотивни сцени од Скопје ЗОО топат срца, низ објективот на Горан Анастасовски
Еленот и младенчето
Секогаш кога ќе ги гледам младенчињата, чувствувам надеж.
Тие не знаат за страв, знаат само за близина, а таа близина е најсилната заштита.

Овцата и новороденото јагне
Тука животот штотуку започнува. И покрај калта и студот, имаше нешто топло во начинот на кој мајката го надгледуваше секој негов чекор.

Лавот и лавицата
Моќта не секогаш е рикање. Понекогаш е тивок допир.
Кога ја направив оваа фотографија, почувствував дека дури и најсилните суштества имаат моменти на нежност.

Рисовитe
Рисот го доживуваме како симбол на дивината, но во овој момент видов нешто поинакво - блискост.
Тоа беше тивка сцена, но исполнета со емоција.

Мајка мајмун и бебе
Кога го видов овој момент, престанав да фотографирам на неколку секунди - само гледав.
Во нејзиниот наведнат поглед имаше грижа, а во малото - цел свет кој штотуку започнува.
Тогаш повторно си потврдив дека мајчинството во природата е исто толку длабоко и силно како и кај човекот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
