Кутрето е слепо и без нога, а неговиот сопственик прави се за да го усреќи!

Луѓето често пати долго и по малку непристојно ги гледаат и со неверување го вперуваат прстот во нив. Понекогаш се смеат на неговата љубов и ентузијазам, со кои секојдневно го облева својот миленик.

slepo-kutre-bez-noga-ima-sopstvenik-kakov-sekoj-bi-posakal-01

Едноставно, кога кутрето Келер и неговиот сопственик Џош минуваат по улица, луѓето занемуваат...

Џош управува со велосипед, додека неговото кутре се вози во приколка закачена за него. Тие не се обично куче и сопственик, тие се тим!

Џош веројатно би сакал да го шета своето куче како и сите останати, но тоа е невозможно. Неговиот Келер нема една нога, а притоа е и слеп, па ова е единствен начин да го прошета својот пријател на свеж воздух.

slepo-kutre-bez-noga-ima-sopstvenik-kakov-sekoj-bi-posakal-02

slepo-kutre-bez-noga-ima-sopstvenik-kakov-sekoj-bi-posakal-03

На почетокот користеле кајак, кој сопственикот го прицврстил за велосипедот, но кога научил да завари 2 метални шипки, таа идеја ја искористил за нешто многу поудобно.

За сигурноста да биде загарантирана, Џош набавил точак со дебели гуми, изработил дрвена количка и ја прекрил со кров во случај на силно сонце.

slepo-kutre-bez-noga-ima-sopstvenik-kakov-sekoj-bi-posakal-04

Инаку, Келер бил напуштено кутре кое Џош го спасил од локалното прифатилиште во кое волонтирал.

Посвојувањето е прекрасна работа, но посвојувањето на кутре кое е инвалид е нешто посебно!

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава