Необично пријателство меѓу лабораториско пиле и напуштена чивава

Лабораториското бело пиле Пени и чивавата Ру се запознале во една болница за животни во САД. Тогаш Алиша Вилијамс, студентка и болничарка ги спасила двете животни од сигурна смрт.

neobicno-prijatelstvo-megju-laboratorisko-pile-i-napustena-civava-01

Една студена ноќ, Алиша покрај патот ја пронашла чивавата Ру која имала само седум недели и била без двете предни шепи, сама и напуштена.

Пилето Пени, пак, било старо девет недели кога било спасено од лабароторијата во која планирале да ја успијат. Таа била дел од експериментална програма после која веќе не била потребна, па затоа не сакале да ја задржат.

Алиша побарала да ја поштедат и да ѝ ја дадат неа да ја вдоми. Така, ја донела дома и ја спасила.

Кученцето и пилето нашле безбедно место за живот во домот на Алиша Вилијамс и станале најдобри пријатели. Тие се зближиле многу и поминуваат многу време заедно. Си играат и спијат во иста корпа. Ру особено сака да се стутка до Пени бидејќи е многу мека.

Секој ден тие заедно со Алиша одат на нејзиното работно место во болницата, каде се вистинска атракција.

Како жртви на некои нехумани луѓе, приказната на овие животинчиња сепак има среќен крај. Имале среќа да ги вдоми грижлива личност како Алиша и во нејзиниот дом да си пронајдат доживотен пријател.

Погледнете како се дружат овие необични пријателчиња:

Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава