10 Лекции за врските на кои нè учи домашниот миленик

Милениците се прекрасни суштества: безусловно сакаат, прифаќаат без предрасуди, обожаваат со цело срце и не бараат ништо за возврат освен малку љубов и внимание.

10-lekcii-za-vrskite-na-koi-ne-ucat-domasnite-milenici-1

Сите можеме да ја имаме таа чиста и совршена љубов, доколку малку се потрудиме и прифатиме некои работи на кои несвесно не учат милениците.

10 лекции кои можат да ви ја спасат врската:

1. Не судете

На милениците не им е важно дали возиме скап автомобил или дали куќата е во неред, тие не сакаат без разлика на било што. Милениците не судат, а немојте ниту вие ако сакате да ги избегнете караниците во врската.

2. Лојалноста на прво место

Кога ќе го пуштите вашиот миленик да трча, тој се враќа не заради тоа што вие го поседувате, туку затоа што ви е лојален. Исто е и со врските, едно е да поседувате некого, а друго е да бидете лојални.

3. Забавувајте се заедно

Оние кои чуваат миленици времето со нив го поминуваат низ игра и забава, па зошто истото да не го правите со вашиот партнер или партнерка? Кога сте заедно и се забавувате вие ја одржувате љубовта и радоста во вашата врска.

4. Излегувајте надвор од домот

Ако живеете заедно или пак често седите дома кај вашата девојка или момче, тоа може да биде лошо за врската и бргу ќе се заситите еден од друг. Учете од вашиот миленик, зарем тоа би можело да издржи целиот ден дома? Излезете надвор и доживејте ново искуство, исто како тоа што го правите со милениците.

5. Споделете насмевки

Исто како што играте со миленикот, така можете да играте и меѓусебно со партнерот, односно партнерката. Видео игри, борба со перници, решавање крстозбор и смеата која доаѓа со игрите...сето тоа одново ве спојува.

45689e0dd43fef2de2da1e3e999c6c91

6. Време за галење

Милениците обожаваат да се галат и гушкаат, а од нив вреди да се примени и оваа лекција. Прегрнувајте се колку што можете почесто и одредете време само за галење и нежности. 

7. Престанете со лошите навики уште на почеток

Се сеќавате кога вашето куче беше мало па ви ги џвакаше омилените чевли, ви правеше неред низ домот и вие уште од тогаш сте го учевте да ги заборави тие лоши навики? Истото применете го во вашата врска. Заборавете на лошите навики кои го/ја нервираат вашиот партнер/партнерка.

8. Го учите вашиот миленик да не јаде што било

Не сакате вашиот миленик да седи и да моли покрај масата, па зошто во вашата врска да биде поинаку? Во секоја здрава врска потребни се компромиси. Ништо не е совршено, а најмалку што треба да очекувате е совршено разбирање помеѓу вас двајца. Исто како што го учите миленикот да не прифаќа, така и вие не прифаќајте остатоци од оброкот, односно од веќе безнадежната врска...

9. Делете

Луѓето обожаваат да ја споделуваат својата храна со миленикот, но тоа ретко го прават со својот партнер/партнерка. Седнете на каучот и јадете вечера со вашето момче или девојка од една голема чинија. Споделувањето на храна е исто како да споделувате радост.

10. Бидете благодарни

Последната и најважна лекција која ја учиме од милениците е од суштинска важност за една врска, а тоа е благодарноста. Милениците се секогаш благодарни кога ќе им дадете оброк, кога ќе ги прошетате или кога ќе им купите нова играчка. Бидете благодарни за секој миг кога вашата сакана личност ве насмевнала и израдувала. Покажете им на саканите дека ви е драго што се дел од вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg