Како да подготвите домашен оброк за вашето куче?

Засукајте ги ракавите и подгответе му на вашето куче оброк кој ќе ви го заштеди буџетот, но и пред сѐ ќе биде здрав за вашиот миленик.

napravete-sami-vkusen-obrok-za-vaseto-kuce-1

Можете секој ден да му подготвувате по некој од овие интересни оброци, кои вашето милениче сигурно ќе ги засака. Време е да го одморите од сувата храна.

1. Вкусни бисквити

Потребни состојки:

  • ½ чаша млеко
  • 1 јајце
  • 2 супени лажици путер
  • ¼ брашно
  • Сол

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата, путерот и млекото во чинија, потоа додајте го брашното и малку сол. Направете си облик по желба и печете ја смесата во рерна на 180 степени.


2. Пилешко со ориз

Потребни состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради, без кожа и коски
  • 3/2 чаша ориз
  • Сезонски зеленчук

Начин на подготовка:

Згответе го пилешкото и исечкајте го по должина на мали парчиња. Во посебен сад сварете го оризот. Додајте го било кој сезонски зеленчук кој вашето куче го обожава. Добиениот оброк содржи малку масти и се препорачува на кучиња кои имаат проблем со телесната тежина.


3. Ручек за 15 минути

Потребни состојки:

  • Пилешки џигери
  • 1 чаша брашно
  • 1 јајце
  • 1 чаша палента

Начин на подготовка:

Исечкајте го џигерот на ситни парчиња и заедно со јајцата измешајте ги во блендер. Потоа додајте ги во чинија заедно со брашното и палентата и доволна количина на вода за смесата да биде течна. Ставете ја смесата во рерна и печете 15 минути на 200 степени.

napravete-sami-vkusen-obrok-za-vaseto-kuce-2

4. Омлет со пилешко

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 2 пасирани компири
  • 1 рака варено пилешко месо
  • ½ чаша варен зеленчук
  • 1 кришка сирење

Начин на подготовка:

Во тавче загрејте маслиново или сончогледово масло. Изматете ги јајцата и компирот и додајте ги во тавчето. Распоредете ги зеленчукот и пилешкото, поклопете и почекајте јајцата да се испржат. Додајте го сирењето и пржете уште малку, додека да се стопи. Послужете го изладено.


5. Крцкав оброк

Потребни состојки:

  • 4 чаши брашно
  • 1 јајце
  • 2 кафени лажички масло
  • 1dl сок од портокал
  • 2 чаши вода

Начин на подготовка:

Изматете ги сите состојки, направете облик по желба. Потоа испржете ги во тавче.


6. Овошен десерт

Потребни состојки:

  • 2,5dl овошен сок
  • 1 банана
  • ½ чаши јогурт

Начин на подготовка:

Изматете ги состојките и изладете ги во фрижидер.


7. Оброк од месо и тестенини

Потребни состојки:

  • 60g макарони или друг вид на тестенини
  • Mесо од гулаш
  • Варен зеленчук или остатоци од веќе подготвен зеленчук
  • Коцки леб

Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините. Исечканото месо испржете го во масло, а потоа додајте го зеленчукот. Исцедете ги тестенините и додајте ги во тавчето. 

Би можело да ве интересира:

18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава