Вистинска приказна: Случајна средба која им го сменила животот засекогаш

Во животот се случуваат моменти и средби на кои можеби никогаш не сте помислиле или ситуации кои верувате дека ги има само во филмовите.

slucajna-sredba-koja-go-menuva-zivotot-zasekogas-01

И тоа е така, сè додека не се случи спротивното и не се најдете во некоја приказна која ќе ви го промени животот засекогаш, без да имате можност за поинаков избор.

Една таква приказна ѝ се случила на Рената Танејева, која едно утро се разбудила и тргнала да се вози со својот автомобил надвор од градот Остин, Тексас, кога во еден момент на патот забележала како лежи повредено куче, маламут.

Можеби повеќето би го виделе, ќе им падне жал, но не застануваат и си го продолжуваат патот во надеж дека некој друг ќе застане или во страв дека ако му се приближат може да ги нападне.

За разлика од таквите, Рената застанала, излегла од автомобилот и му се приближила на кутрото куче кое испуштал ужасно тажни звуци од болка.

Таа не се размислувала ни момент, иако никогаш претходно немала куче, решила да го качи во автомобилот и да го однесе на ветеринар.

На главникот на неговиот врат имало ременче со изгравирано име Кјара и телефонски број, но бил исклучен.

Рената ги преземала работите во свои раце и решила да направи сè што треба за да ја утеши и излекува Кјара.

Со оглед на тоа што било утврдено дека ногата ѝ е скршена и ќе биде потребна операција со вградување на метална шипка, која многу чини, Рената без двоумење решила да подигне и кредит од банка за да може да плати.

Уште по првата операција, кога ја однела дома, знаела дека веќе никогаш нема да ја остави, ниту таа да ја напушти.

Кјара била паметна, мирна и нежна со што дополнително направила Рената да се вљуби во неа.

По неколку операции ногата целосно ѝ заздравела, металната шипка ѝ ја извадиле и таа е сега најсреќното куче во новиот дом и со новата пријателка, со која го прославиле и првиот роденден од денот кога добила шанса за втор живот.

Неверојатно е како една случајна средба може целосно да ви го промени животот.

Погледнете ја нивната љубов и среќа која се забележува на секоја фотографија:

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...

Најчитани неделава