Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка посвоила кутре кое умира од рак за да му ги разубави последните денови

Никол Елиот од Џорџија, САД ја видела сликата од огласот на кој се јавува малиот Честер под наслов „се бара вдомување“ и знаела дека таа треба да биде неговиот нов сопственик.

cester-e-srekjno-kuce-nashlo-dom-kade-kje-gi-mine-poslednite-denovi-od-negoviot-zivot-01.jpg

Сакала да му ги направи неговите последни денови што е можно посреќни и повесели, бидејќи Честер има рак кој за жал е фатален.

Честер е пронајден во стационар и за него вели: „Се вљубив уште од првиот пат кога го здогледав и знаев дека морам да го вдомам“.

„Извесен период се двоумев околу тоа дали ќе бидам способна да ги издржам одговорностите, но знаев дека морам да се обидам последните денови да му ги направам што е можно посреќни“ – вели таа.

„Се обидувам да му овозможам нормални кучешки искуства кои инаку не би имал можност да ги доживее и да го разгалам што е можно повеќе“ – вели Никол.

„Досега се возеше во кола со отворен прозорец, проба хот дог, голем овошен куп со сладолед и беше на голем шопинг со кој доби нов удобен кревет, многу играчки и награди“ – додава таа.

Досега се обидела да му направи што е можно повеќе операции и да го спаси, но туморите се проширени на целото негово тело па тоа не е возможно.

Сепак, Честер е среќен што има можност последните денови од неговиот живот да ги проживее во мирна и топла средина, а не ладен бокс во стационарот.

Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg