Наместо со мрежа риби, од риболов се вратиле со две спасени мачиња

Џејсон Фрост и Брендон Ки се двајца рибари од Алабама кои едно утро заминале по риба, но наместо со риба, дома се вратиле со две мали мачиња кои допливале до нивниот чамец.

dvajca-ribari-pristignale-na-rekata-za-ribolov-a-se-vratile-so-dve-napusteni-macinja-01.jpg

„Седевме во чамецот и како што се доближивме до крајбрежјето слушнавме плискање на водата“ – така Фрост ја започнува приказната.

„Мислев дека чув риба која се фатила на јамката, но видов како нешто плива кон нашиот чамец и чув мјаукање“ – продолжува тој.

Ниту еден од двајцата рибари не очекувал дека ќе наидат на мало маче кое знае да плива, а уште помалку на второ маче кое ќе ги следи стапките на првото.

Веднаш по него, слушнале уште едно плискање на водата и пристигнало и второто мало маче.

„Со километри нема куќи во овој предел, па веројатно некој ги оставил тука среде оваа пустелија, а тие биле толку очајни што допливаа до нас, за да се спасат и да најдат засолниште“ – објаснува Фрост.

Кога се вратиле назад во градот нашле семејство кое ги посвоило овие две мали мачиња, па сега тие имаат топол дом, а овие рибари интересна случка за раскажување.

Би можело да ве интересира:

Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава