Како едно гратче во Чиле го реши проблемот со бездомните кучиња?

Кога ќе видиме бездомни кучиња кои лутаат по улиците, многу од нас се обидуваат да им најдат дом и да ги згрижат.

bezdomnite-kucinja-vo-cile-dobivaat-zasolniste-i-rabota-vo-policija-01.jpg

Но, во едно гратче во Чиле малку поразлично успеале да го решат тој проблем.

Тие организирале специјална програма со тренинзи за да им дадат можност на кучињата да ѝ се придружат на локалната полиција.

На тој начин, напуштените и осамени кучиња, освен што ќе бидат згрижени, ќе помагаат и во одржувањето на законот и редот во градот.

Тие гордо ги придружуваат полицајците на патрола, носејќи слични рефлектирачки елеци.

bezdomnite-kucinja-vo-cile-dobivaat-zasolniste-i-rabota-vo-policija-02.jpg

За целосен третман, кучињата добиваат дом и храна – целосен социјален пакет!

По специјалните обуки, кучињата скитници ќе се вратат на улиците, но овојпат како професионални борци против криминалот – вели градоначалникот на градот.

Одличен начин за напуштените животни да добијат нов живот и да станат корисни за општеството.

Се надеваме дека ова ќе биде пример и за останатите градови.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава