Конечно: Геџет кој држи храна за кучиња, додека вие ги фоткате
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Конечно: Геџет кој држи храна за кучиња, додека вие ги фоткате

Сите љубители на животни и сопственици на домашни миленичиња, знаат дека е многу тешко да се фотографираат животните. Без разлика дали гледаат настрана, не сакаат да седнат или едноставно да застанат на едно место, речиси е невозможно да се добие саканата фотографија од вашето милениче, освен ако не се вклучи храна при фоткањето.

Konecno-ednostaven-dodatok-za-sovrsena-fotka-od-vasite-milenicinja-01_copy.jpg

Токму поради тоа компанија го измислила овој практичен додаток за мобилни телефони, којшто ќе го задржи вниманието на вашето милениче доволно долго за да може да го фотографирате.

Овој додаток лесно се прикачува на врвот на вашиот мобилен телефон или таблет. Се состои од свивливо раче со штипка кое овозможува на него да се прикачи омилената храна или награда на вашиот домашен миленик, веднаш над камерата на апаратот.

На тој начин додека миленичето се фокусира на храната, вие ќе можете совршено да ја фокусирате камерата на вашиот миленик.

Зарем не би сакале да го имате овој едноставен додаток за совршени фотки од вашите миленичиња?

Konecno-ednostaven-dodatok-za-sovrsena-fotka-od-vasite-milenicinja-09.jpg

Konecno-ednostaven-dodatok-za-sovrsena-fotka-od-vasite-milenicinja-10.jpg

Konecno-ednostaven-dodatok-za-sovrsena-fotka-od-vasite-milenicinja-11.jpg

Konecno-ednostaven-dodatok-za-sovrsena-fotka-od-vasite-milenicinja-12.jpg

Konecno-ednostaven-dodatok-za-sovrsena-fotka-od-vasite-milenicinja-13.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Важни животни лекции на кои може да ве научи грижата за вашето миленич... Миленичињата се за да ги сакаме силно и безусловно и истото да го добиваме од ни...
Каква храна смеете да ѝ дадете на мачката, а која не смеете по никоја ... Нема ништо потрогателно од она кога мачката неодоливо ве гледа додека јадете, а ...
Жена има домашно милениче кокошка - дури и се сончаат заедно (фото) Тие имаат силна врска и секаде одат заедно. Кога ќе се умори кокошката Chookie н...