За што треба да размислите пред да почнете да чувате куче?

Кучињата се најдобрите пријатели на човекот и супер друштво, па затоа не е ни чудно што многу луѓе се одлучуваат за куче како домашно милениче.

za-shto-treba-da-razmislite-pred-da-pochnete-da-chuvate-kuche-01.jpg

Но, пред да чувате куче, важно е да размислите на следниве неколку работи:

Дали сакате младо или постаро куче?

Без разлика дали ќе купувате или ќе вдомите куче, важно е да знаете дека има разлика во чувањето на кученце кое е штотуку родено и постаро кученце. Младите кутриња ќе треба да ги научите на сите хигиенски навики и да ги дресирате од почеток, а на постарите кучиња ќе им треба време да се прилагодат на новата средина, па треба да бидете потрпеливи.

Дали ќе можете финансиски да ги поднесете трошоците?

Како за секое милениче, така и за кучињата се потребни финансиски средства. Вакцини, ампули, прегледи на ветеринар, стерилизација, храна се само дел од трошоците кои ќе настанат. Размислете и видете дали имате можности за тоа, па потоа уште еднаш преиспитајте ја одлуката.

Кој ќе го шета кучето?

За многу луѓе шетањето на кучето е обврска која тешко можат да ја вметнат во дневниот распоред. Ако имате слободно време за тоа- супер, но ако сте зафатени, размислете или договорете се да ја делите оваа обврска со некој близок.

za-shto-treba-da-razmislite-pred-da-pochnete-da-chuvate-kuche-02.gif

Дали сте често надвор од дома?

За разлика од мачките, кучињата не можат да седат долго сами. Ако сте често отсутни од дома, размислете дали треба да земете куче бидејќи може да му направите полошо. Ако патувате ретко, најдобро е да се договорите со некој да ви го причува миленичето на некое време.

Каде живеете?

Ако живеете во изнајмен стан, проверете со сопственикот дали е дозволено да чувате куче. Исто така, размислете дали ќе останувате подолго време во тој стан или ќе го напуштите, бидејќи така ќе треба од после да мислите каде ќе го сместите кученцето, што може да доведе до проблеми. Малите станови не се погодни за големи кучиња, па тоа е уште нешто што треба да го имате на ум.

Дали навистина сакате да чувате куче?

Желбата што ја имате во главата е многу различна од реалноста. Бидете искрени кон себе и одлучете дали сакате куче само зошто мислите дека е интересно, или навистина сте подготвени да се грижите за него, со сите предности и маани што ги носи живеењето со ова домашно милениче.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg