Дали кучињата и мачките можат да гледаат „духови“?

Голем број научници докажаа дека мачките, кучињата и многу други животни може да гледаат фреквенции кои луѓето не можат.

dali-kuchinjata-i-machkite-mozat-da-gledaat-duhovi-01.jpeg

Поконкретно, животните меѓу кои и мачките и кучињата се способни за гледање на УВ светлосни бранови, додека мрежницата во внатрешноста на човековото око нема ваква способност. Пред неколку децении реномирани научници можеа едноставно да претпостават дека очите на повеќето цицачи функционираат слично на очите на луѓето бидејќи луѓето се сметале за најеволуиран вид, но сега несомнено е јасно дека не е така.

Истражување на биолозите од „City University“ во Лондон дојдоа до детали за еден фасцинантен феномен.

Дали понекогаш сте почувствувале дека вашата мачка или куче можат да видат нешто што вие не го гледате? Па, во право сте. Според истражувачите способноста за гледање на ултравиолетовата светлина им отвора на еден сосема поинаков свет од оној што го гледаме ние.

Покрај науката, некои луѓе исто така посочуваат дека постојат метафизички аспекти поврзани со мачките, кучињата и некои други животни. Во многу случаи е забележано чудно однесување на кучиња по смрт на некој од семејството кое го чува. Мачките пак во некои случаи неконтролирано мавтаат со шепите во воздухот и бркаат невидливи работи.

dali-kuchinjata-i-machkite-mozat-da-gledaat-duhovi-02.jpg

Дури и ако овие работи може да бидат објаснети со чудните реакции на животните на УВ светлината, како да се објасни тогаш нивното движење и чудно однесување ноќно време или во други околности кога дефинитивно нема УВ светлина?

Некои луѓе тврдат дека виделе сенки во истиот момент кога нивните миленици се однесувале алармантно.

Дали навистина постои нешто натприродно и животните го гледаат тоа, сепак останува мистерија.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Емилија Гогова од Скопје помага на улични животни: „Еве и ова маче ми го донесоа децата од маало - ш... „Се развикале тетка Ема, тетка Ема. Излегов, нешто држат во рацете го кренале, в...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава