6 работи кои прават вашата мачка потајно да ве мрази
Таа обожава да се милува со вас и да се забавувате заедно, но кога вашите дела почнуваат да ја нервираат?

Мачките се уникатни суштества. Во поголемиот дел од времето се слатки, разиграни или поспани, но во одредени мигови јасно ви покажуваат дека си тераат своја работа и не сакаат да ги задевате.
Иако, мислите дека е во ред постојано да си играте со својата мачка, да ја дигате и гушкате, можно е таа да не ужива баш во ова огромно сервирање на љубов.

Работи поради кои можеби вашата мачка потајно ве мрази, се разбира, од сè постојат исклучоци:
1. Постојано ја држите како бебе и ова ја прави несигурна, под стрес е и сака да се врати на подот.

2. Постојано ја фотографирате и ја третирате како играчка, а блицот од телефонот 24/7 ѝ светка во очите.

3. Одржувате предолго контакт со очите со неа и на овој начин воспоставувате доминација над неа, мисли дека ѝ нагласувате дека ја имате моќта и добива желба за агресивно однесување.

4. Ја нервира кога ѝ мјаукате, иако таа го користи мјаукањето за да посочи дека нешто ѝ недостига, не очекува повратна реакција од овој тип од вас.

5. Ја облекувате кога мачката нема потреба од ништо друго освен од нејзиното крзно и во облека ѝ е некомфорно и ја ограничувате.

6. Ѝ приредувате промени, како организирање на патување, нова храна, преселба, гости и низа настани кој таа ги мрази и се стресни за неа.

Прочитајте и 13 работи кои ќе ги научите кога ќе почнете да чувате мачка!
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една
Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака)
Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави)
„Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци)
Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа?
Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни
Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...