13 работи кои ќе ги научите кога ќе почнете да чувате мачка

„Не поседувате вие мачка, мачката ве поседува вас“, е еден од цитатите што одлично го опишува чувањето на мачка.

13-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-kje-pochnete-da-chuvate-machka-02.jpg

Таа ќе биде вашиот најдобар пријател, но понекогаш навистина ќе знае како да ве извади од такт.

Еве кои работи ќе ги научите кога ќе почнете да чувате мачка:

- Личниот простор не постои на овој свет. Таа обожава да ве придружува, дури и во тоалетот.

- Ќе направи сè само за да покаже дека е супериорна.

- Секој објект што ви стои на масата, столицата, орманот ќе биде порано или подоцна бутнат.

13-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-kje-pochnete-da-chuvate-machka-01.jpg

- Мачките си се себедоволни, ним не им требате, но знаат да ве направат љубоморни кога тактички ќе седнат во туѓ скут.

- Не ви е потребен будилник. Иако спијат и по 16 часа на ден, бидете сигурни дека ќе ве разбудат во 6 наутро, дури и за време на викендите.

- Најмалку еднаш дневно комплетно ќе ве преплашат. Можеби ќе зјапаат во далечина позади вас како да постои таму нешто паранормално или со брзо трчање низ куќата кое ќе ве натера да се запрашате што гледа таа, а вие не.

- Звукот на мјаукање од орманот е звук на кој ќе се навикнете. Секогаш кога ќе отворите врата да извадите облека, тие се чувствуваат добредојдени.

- Ќе се навикнете и на звукот на некој голем предмет што се крши на подот, најчесто среде ноќ.

- Кога ќе доцните некаде, таа ќе одлучи слатко да ви заспие на стомакот.

13-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-kje-pochnete-da-chuvate-machka-03.jpg

- Моментот кога седнувате со компјутерот во раце е моментот кога вашата мачка ќе сфати дека ѝ е потребно внимание.

- Ќе имате повеќе разговори со вашата мачка отколку со кој било друг.

- Сите прекрасни растенија ќе ги отстраните од домот. Мачка или растенија, нема друго.

- Ќе биде малку непредвидлива и ќе ве нервира на моменти, но без неа нема да можете да преживеете.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
16 фотки кои ќе ви покажат дека во домот живее мачка (доказ се бељите што ги прави) „Денес ја нахранив мачката половина час подоцна - таа решила да го покаже бесот ...
7 знаци дека вашата мачка е среќна (и вистински ве сака) Спие на грб, нежно ве грицка, ви носи подароци – како да познаете дали вашата ма...
Јагула од видот „мурена“ испливала на две плажи на Халкидики – дали напаѓа и колку е опасна? Јагулата позната како мурена која била забележана деновиве на вториот крак во Гр...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава