11 начини на кои може да „прочитате“ дека вашето куче ви изразува љубов
Одамна е познато дека кучето му е најдобар пријател на човекот и иако не можат да зборуваат, сепак покажуваат емоции и прават добри дела и гестови.

Тие имаат посебен начин на кој ја изразуваат емоцијата и желбата, а човекот треба да знае да ја „прочита“.
Доколку имате куче за првпат или не сте сигурни дали тоа ве сака и му се допаѓате, научниците велат дека постојат начини на кои може да го откриете тоа.
Со однесувањето, погледите и делата, овие миленичиња ја изразуваат љубовта и лојалноста кон човекот.
Погледнете како кучињата ја демонстрираат љубовта и ви кажуваат „те сакам“:
Гледање директно во вашите очи со што создава конекција

Ви ги носи неговите играчки за да си играте со нив, иако се посесивно настроени кон нив

Зева кога вие зевате што научниците го поврзуваат со силната конекција

Спие со вас во кревет или на кое било друго место

Мрда со опашот значи дека е отворен за интеракција

Ги крева веѓите и го плази јазикот кога гледате во него

Се гали со вас

Се потпира на вас бидејќи ве гледа како заштитник

Дозволува да му ја допирате главата

Мирно гледа како заминувате кога одите некаде

И збеснува кога ќе се вратите

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци)
Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче
„Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом
Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ...
„При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден...
„Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...