Зошто повеќето сибирски хаски имаат проѕирно сини очи?

Кај некои раси кучиња бојата на очите е поврзана со бојата на крзното, но тоа не е случај со хаските.

zoshto-povekjeto-sibirski-haski-imaat-prodzirno-sini-ochi-01.jpg

Врз основа на истражени 6.000 примероци на ДНК од кучиња, донесени се значајни заклучоци во врска со општото здравје на расата, но и други сознанија, како што е сината боја на очите кај хаските.

Кај нив е присутна мутација кај генот кој е одговорен за бојата на очите. Сини очи имаат и многу други раси, но во најголем дел кај нив се работи за рецесивна карактеристика.

zoshto-povekjeto-sibirski-haski-imaat-prodzirno-sini-ochi-03.jpg

Кај хаските тоа е мутација кај генот ALX4, кој е одговорен за пигментацијата во нивните очи. Всушност, знаејќи го ова, јасно е дека нивните очи всушност не се сини, туку се безбојни, а бојата ја добиваат поради мрежата на крвни садови и рецепторни клетки во ирисот и светлината која се прекршува во нив.

Токму поради тоа се случува некои единки да имаат кафеави или кафеаво-зелени очи, други проѕирно сини, а хетерохромијата воопшто не е ретка кај оваа раса на кучиња.

zoshto-povekjeto-sibirski-haski-imaat-prodzirno-sini-ochi-02.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...

Најчитани неделава