17 едноставни работи кои треба да ги знаете ако ве нападне куче

Кучињата се најдобрата „крзнена“ терапија за човекот и ве сакаат на моменти повеќе од што вие самите се сакате себеси. Но, ако дојде до немил настан треба да знаете неколку совети.

18-ednostavni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ve-napadne-kuche-01.jpg

Кучето е најдобар пријател на човекот, но понекогаш се случуваат неочекувани ситуации и треба да знаете како да се однесувате доколку се најдете во некоја таква.

Како да се однесувате во одредени ситуации?

Кучето не напаѓа, но се однесува агресивно

Ушите му се накострешени, бесно ви ‘ржи и јасно е дека не сака да си игра со вас. Што да правите?

- Не обидувајте се да го смирите со насмевка и зборови. Кучето понекогаш може да ја сфати насмевката погрешно.

- Не гледајте го во очи и игнорирајте го. На крајот ќе му здодее што не му обрнувате внимание и ќе се смири. Колку повеќе покажувате страв и мавтате со рацете, толку повеќе кучето ќе сака да ве касне.

- Ако можете побарајте помош од некој случаен минувач, но зборувајте мирно, без врескање.

- Не го напаѓајте кучето со стап, затоа што ако на агресијата одговорите со агресија, тоа уште повеќе ќе се разбесни. Дури и пријателски настроено куче нема да биде среќно поради вашите закани со стап.

- Стојте мирно или движете се бавно, но никако не му го вртете грбот. Најдобро е да се движите странично за да го набљудувате неговото однесување. И во никој случај не трчајте.

18-ednostavni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ve-napadne-kuche-02.jpg

Од агресија до напад

Без причина кучето нема да ве нападне, но причината не секогаш е очигледна за нас. Кучињата може да нападат ако ги штитат своите малечки, ја чуваат својата територија или се прекумерно гладни.

- При агресивно однесување, најверојатно е дека кучето ќе се смири, но ако сè уште ве напаѓа запомнете неколку правила:

- Врескањето само ќе го налути кучето уште повеќе. Ќе му предизвикате адреналин и тоа нема да ве одведе никаде.

- Ако кучето веќе ве напаѓа, обидете се да му ја покриете главата со јакна или џемпер, штом ќе ви биде на дофат. И потоа обидете се да се качите на високо, на некое дрво или гаража. Кучињата скокаат добро, но, за разлика од мачките, не знаат да се искачуваат.

18-ednostavni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ve-napadne-kuche-03.jpg

- Фрлете ја вашата чанта, ранец или некој друг предмет за да му го одвлечете вниманието на кучето. Тоа ќе реагира и неговата агресија ќе се пренасочи кон тој предмет, а вие ќе имате време да избегате. Доколку имате храна со вас, како сувомеснати производи на пример, вашиот проблем ќе биде решен.

- Вратот е ранливо место, па така ако сте нападнати заштитете го вратот со вашите раце стиснати во тупаници за да ги заштитите виталните вени и артерии. Најлесно ќе поминете ако ве гризне за подлактицата или долниот дел од нозете.

- Кучето може да ги зацврсти забите околу вашата рака или нога, но обидете се да не влечете затоа што ќе биде полошо. Наместо тоа, удрете го кучето по носот или очите за да пушти или фатете го за задните нозе и кренете го, советуваат експертите.

18-ednostavni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ve-napadne-kuche-05.jpg

- Користете ја тежината и ако можете турнете го кучето на земја со лакотот или коленото. Кучињата гризаат, но не знаат како да се борат, па стегнете го кучето цврсто додека не пристигне помош.

- Ако ве нападнат повеќе кучиња наеднаш советите се исти, но најважно правило е да не дозволувате да бидете опкружени. Најдобро е да застанете во некој агол или до ѕид.

18-ednostavni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ve-napadne-kuche-04.jpg

Што да направите ако кучето ве касне:

Ако дојде до напад и завршите со искината облека, но и рани по телото, што треба да направите?

- Измијте ја раната со сапун и истријте ја со алкохол.

- Без разлика дали ве каснало улично куче или некое куче домашен миленик, мора да појдете во болница и да направите испитување на крвта и дополнителни тестови.

- Потоа ќе ви бидат дадени соодветни инјекции против беснило.

- Во случај на беснило симптомите може да се појават по 30-50 дена и да има многу негативни ефекти. Важно е да бидете вакцинирани 2 седмици по каснувањето за да нема последици.

Мора да запомните дека кучињата се пријателски настроени и нападите се огромна реткост, но добро е да ги знаете овие совети.

18-ednostavni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ve-napadne-kuche-06.jpg

Прочитајте и Змии, ајкули, лавови: 8 техники кои ќе ви помогнат да преживеете средба со опасно животно!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Мачка мие заби, куче „шпионира“ - 13 фотки од миленици што ќе ве насмеат „Мојот волчјак обожава да ги ‘шпионира’ соседите и понекогаш знае да се исправи ...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg