5 причини зошто оваа зима треба да вдомите некое домашно милениче

Четвороножните пријатели се многу драгоцен дел од нашите семејства. Сите кои имаат домашно милениче знаат колкава радост носат и како на бројни начини позитивно влијаат врз нашето расположение.

5-prichini-zoshto-ovaa-zima-treba-da-vdomite-nekoe-domashno-mileniche-01.jpg

Оваа зима е одлична можност да го отворите домот за некое напуштено милениче бидејќи доаѓаат студени денови, а многу животни се препуштени сами на себе, без скривалиште и храна.

5 причини зошто сега е идеално време за тоа:

Домашните миленичиња го подигнуваат расположението

Општо е прифатена и тестирана теоријата дека кучињата и мачињата може да бидат човечките најдобри пријатели, како во детството, така и во позрелите години.

Постојат дури и мислења дека кучињата можат да помогнат во лечењето на тагата и депресијата – па дури и ако не сте истражувач, научник или психолог, ова мислење сигурно нема да ви делува непознато, само доколку се сетите на широката насмевка која секогаш ви ја предизвикуваат кучињата кога ќе ве поздрават со мавтање на опашот.

5-prichini-zoshto-ovaa-zima-treba-da-vdomite-nekoe-domashno-mileniche-03.jpg

Домашните миленичиња ни помагаат да бидеме активни

Ако имате милениче во вашиот двор, а со самото тоа и простор за него во кој може да се истрча и изнаигра, тогаш знаете колку се енергични и колку е забавно кога ги учите на разни трикови и игри. Дури и ако живеете во стан, обврската за секојдневно водење на кучето на прошетка е добра и за вашето физичко здравје затоа што тоа ви претставува важна рекреативна рутина.

Откако еднаш ќе внесете милениче во својот живот, потоа ќе ви биде незамисливо тоа да не е покрај вас.

Со вдомувањето ќе направите добро дело

Има многу напуштени миленици во нашата земја, но добро е што со мали чекори може да се влијае врз решавањето на овој проблем и тоа со вдомување на напуштените кучиња, наместо со купување на расни.

Отворете го домот за некое куче од улица, а тоа за возврат ќе ви ги отвори срцето и душата.

5-prichini-zoshto-ovaa-zima-treba-da-vdomite-nekoe-domashno-mileniche-05.jpg

Зимското време е прав момент за нов член во семејството

Уживањето во празничната магија во кругот на најблиските станува уште поубаво кога имате покрај вас четвороножен пријател. Милениците внесуваат посебна радост кај возрасните, но позитивно влијаат и на децата.

Животот со куќен миленик и растењето крај него, според стручњаците, е постојана можност децата да се научат на одговорност и да развијат емпатија, несебичност и безусловна љубов.

Вдомувањето е лесен и едноставен процес

Доколку сакате да вдомите некое напуштено животно, а не сте сигурни затоа што мислите дека тој процес е премногу комплициран – немате зошто да се грижите. За вдомувањето е потребна само желба да му пружите топлина и љубов на некое напуштено куче.

По неговото земање, однесете го на ветеринар. Доколку има некаков здравствен проблем, консултирајте се со ветеринарот и потоа заедно зачекорите во вашиот дом.

Сепак, добро размислите дали сте спремни на овој огромен чекор. Грижата околу домашните миленици е навистина голема, од вас се очекува да бидете одговорни бидејќи се работи за живо суштество кое има свои потреби и чувства. Нив им е потребно многу љубов и внимание, а исто и тие вам со голема радост ќе ви го возвратат и тоа дупло повеќе.

5-prichini-zoshto-ovaa-zima-treba-da-vdomite-nekoe-domashno-mileniche-02.jpg

M. П | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg