Патка со хендикеп научи да оди со помош на инвалидска количка
Хумани луѓе ѝ овозможија на патката Мерлин да ги направи првите чекори со помош на специјално дизајнирана инвалидска количка.

Патката Мерлин била родена со проблеми со левата нога и поради тоа не можела да се движи, но сега таа доби специјална протеза и научи да оди со нејзина помош.
Мерлин е згрижена од едно прифатилиште за животни во ноември 2018 година, но за жал не можела да оди поради проблемите од раѓање.

Тие ангажирале компанија која специјално прилагодила инвалидска количка за неа, какви вообичаено се користат за мачки и кучиња.

Сега патката Мерлин слободно се движи и е пресреќна.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=18&v=IJaZprptUWM
С. С. | Црнобело