Животните праќаат скриени пораки: Кое е значењето на тоа што често гледате одредени видови?

Неколку индијански племиња верувале дека секое животно ја носи својата порака и информација. Тие отсекогаш сметале дека животните се свети суштества, а нивното однесување се користело како трага, како знак од Мајката Земја. 

Ovie zivotni ni nosat odredeni simboli naucete da gi citate 01

Набљудувајќи го нивното однесување можеме да добиеме подлабок увид во интуитивните пораки и знаци. Како што постојат духовните водачи така постојат и духовните животни, заштитници.

Тие често ни се појавуваат во сон, за да ни пренесат одредена порака или да нè научат на нешто.

Според индијанските племиња овие животни обично ни носат важни пораки, а ова се нивните значења:

Сокол

Соколот има остри очи и силни крилја. Ако многу често го гледате во вашата околина, тоа значи дека треба да обрнете внимание на нешто. Можеби треба да ги гледате работите од поинаква перспектива или да обрнете внимание на деталите, бидејќи понекогаш токму деталите ја прават разликата во проценката на ситуацијата или нечиј карактер.

Ова може да биде и знак дека во вашиот живот ќе се појави важен учител или дека ќе научите важна лекција. Затоа, отворете ги очите и набљудувајте.

Орел

Орелот е симбол на духовна заштита, а го претставува повисокото ниво на свеста. Ако често го гледате орелот, или пак сликата на истиот, тоа може да значи дека преминувате на ново ниво на свест.

Работите наеднаш ви стануваат појасни, сфаќате што е важно во вашиот живот и ја менувате генералната слика за светот.

Ovie zivotni ni nosat odredeni simboli naucete da gi citate 02

Врана

Како што ја претставуваат во филмовите и приказните, и за индијанците враната претставува лош знак. Но работите не се толку темни, враната претставува и циклус на повторно раѓање.

„Умирање“ на старите нешта и „раѓање“ на новите идеи. Слично како и тарот картата „Смрт“, ова умирање не е поврзано со физичката смрт, туку со промената и транзицијата која ви е потребна за да го подобрите вашиот однос кон животот и вашата ментална или духовна состојба.

Запомнете, секој крај отвора порти за нов почеток.

Був

Бувот е показател дека треба да обрнете внимание на вашата интуиција, да се потпрете на искуството и мудроста. Се појавува и како потсетник кој ви кажува дека треба да обрнете внимание на чувствата кои ви ги испраќа интуицијата.

Кога имате проблеми и ништо не ви успева, најпаметно е да се потпрете на самите себе. Да се запрашате што ви е потребно, а не што другите луѓе мислат дека ви е потребно со своите наметнати мислења и ставови.

Верувајте ѝ на сопствената интуиција, тоа чувство никогаш нема да ве излаже. Бувот може да биде и знак дека треба да се усогласите со сопствената вистина и да дејствувате автентично.

Гуштер

Ова може да биде индикација дека треба да обрнете повеќе внимание на вашите соништа и цели. Можеби сте премногу самокритични или мислите дека сте ја изгубиле способноста да ги постигнете посакуваните резултати.

Гуштерот е потсетник дека имате моќ и дека треба да посветите повеќе време на сопствените цели без да ги деградирате.

Ovie zivotni ni nosat odredeni simboli naucete da gi citate 043

Змија

Змијата е моќен потсетник на вашата животна сила и страст. Ако често гледате змии (колку и да звучи страшно ова, повторно, може да се работи за слика, не нужно вистинска змија), треба да обрнете повеќе внимание на вашите страсти и да вложите повеќе енергија во нивното остварување. Змијата претставува и исцелување и реставрација.

Пајак

Пајакот е моќен симбол на создавање и духовна поврзаност. Доколку повлечеме паралела со африканската митологија, во која пајакот, исто така има голема улога, ќе дознаеме дека тие верувале во бог кој се претворал во пајак наречен Ананси.

Ананси бил познат и како дух на сите знаења и приказни. Американските Индијанци сметале дека пајакот претставувал идеја и инспирација. Што покажува дека пајакот има слично значење во различните култури.

Доколу често гледате пајаци тоа може да биде знак дека треба повеќе да се поврзете со духовниот свет и дека треба да го адаптирате својот креативен потенцијал.

Пеперутка

Пеперутката ја претставува моќта на трансформацијата. Пред да се манифестира надворешната промена, потребно е да се случи внатрешна промена.

Ако често гледате пеперутки тоа може да биде знак дека треба да ги промените мислите или чувствата кои ве потиснуваат.

Ovie zivotni ni nosat odredeni simboli naucete da gi citate 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg